Колумна на Билјана Чкламовска -Freelancer консултант за корпоративно право и човечки ресурси
МОБИНГ – толку многу присутен во работните средини, трикратно штетен (за работникот, за компанијата и за општеството) – појава за која толку малку се зборува, а би тебало да се вика гласно против!
КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАЕ МОБИНГОТ?
Според постојните дефиниции, суштествени елементи на мобингот се:
– непријателска и неетичка комуникација, кога едно лице или група, (мобер или мобери) систематски и морално злоставуваат и понижуваат друго лице (жртва на мобинг);
– се случува исклучиво на работното место;
– чести дејствија на психолошко вознемирување (барем еднаш неделно),и тоа во континуитет (најмалку 6 месеци);
– цел на мобингот е: загрозување не неговиот углед, чест, човечко достоинство и интегритет, се до елиминација од работното место.
Мобингот е облик на морална тиранија врз едно лице, кое е изложено на различни форми на угнетување, психолошки и професионален притисок и стресни ситуации.
Мобингот може да биде вертикален – вознемирување од позиција на моќ (претпоставен врз надреден) и обратно (одоздола-нагоре, што е многу поретко) и хоризонтален – вознемирување од колега или повеќе колеги.
Најчесто се манифестира преку:
– напад на можноста за изразување – во смисол на стално прекинување на лицето при вршењето на неговата работа со бесмислени изговори, гласно пцуење, критизирање на неговиот начин на работа, усмени или писмени закани, телефонски терор, одбивање комуникација со омаловажувачки гестови и гримаси, и сл.
– напад на социјалните контакти – третирање на жртвата како да е ,,воздух”, неразговарање со него, без одредена причина преместување во просторија каде што не се чувствува удобно, ставање забрана на другите колеги да разговараат со него, не е повикуван на состанок или ако е повикан не добива збор, или ако добие збор, се исмејува тоа што го кажал;
– напад на угледот – ширење гласини, оговарање, исмевање потсмевање на сметка на жртвата, нејзино имитирање со цел таа да се понижи,со погрдни зборови и навреди, преиспитување на одлуките што ги донела, напади со викање,
-напад на квалитетот на работниот живот – „синдром на празно биро“, преку недоделување на работни задачи или доделување на бесмислени работни задачи, далеку под неговите можности и стручност, или ,,синдром на пренатрупано биро“, преку доделување премногу и претешки работни задачи со прекратки рокови, се со цел жртвата да се дискредитира;
– напад на здравјето на жртвата – нејзино присилување да работи задачи кои го оштетуваат нејзиното физичко или ментално здравје, сексуално вознемирување и сл.
Крајната цел е жртвата да се дискредитира, омаловажи, да се уништи нејзиниот авторитет, углед и достоинство. Ова најчесто се случува кога нема основана причина за отказ, па со примена на мобинг, да се натера лицето, само да си даде отказ.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.