НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ПЛАТА!

од 24HR

Колумна на Билјана Чкламовска -Freelancer консултант за корпоративно право и човечки ресурси

Надоместоците на плата се исплатуваат во точно определени случаи, што се регулирани со закон и со Општиот Колективен договор.

Надоместок од половина плата (50%), му се исплаќа на работникот кој е спречен да си ја врши работата поради виша сила (се пресметува на неговата просечна плата во последните 12 месеци)

Надоместок од 70% од плата се исплаќа:
– во случај на прекин на работниот процес од деловни причини (т.н. принуден одмор);
– за отсуство од работа поради болест или повреда- до 15 дена (одобрено од матичен лекар и специјалист);

  • за нега на дете до 3 години или нега на член од потесното семејство;
  • во случај на патолошка бременост.
  • Надоместок од 85% од плата, се исплаќа за:отсуство од работа поради малигно заболување.
  • Надоместок од 90% од плата, се исплаќа за:
    – отсуство од работа поради болест или повреда во траење над 15 до 30 дена (одобрено од лекарска комисија).
  • Целосен надоместок на платата (100%) за враме на целото отсуство од работа на работникот му се исплаќа за :
  • Времето на користење на годишен одмор;
  • Боледување подолго 30 дена;
  • Отсуство заради раѓање и родителство;
  • Отсуство заради повреда на работното место или професионално заболување.
  • Слободни денови дозволени со закон и колективен договор).

Боледувањето до 30 дена го исплаќа работодавaчот , а над 30 дена без прекин може да одобри само лекарска комисија, и тоа паѓа на товар на Фондот за здравствено осигурување).Многу работодавачи погрешно го разбираат зборот ,,основица“, па му исплатуваат на работникот надоместок за боледување, пресметан само на висината на неговата основната, без додатокот за минат труд. Тоа е погрешно. Основицата за пресметување на надоместокот на плата за боледување, се пресметува врз основа на неговата просечна плата, исплатена во последните 12 месеци.

  • Работникот има право и на НАДОМЕСТОЦИ ЗА ТРОШОЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА, што се исплаќаат за

службено патување,

теренски додаток,

користење на приватен автомобил за службени цели,

одвоен живот од семејството, трошоците при селидба за потребите на работодавачот;

смрт на работникот или член на неговото семејство;

јубилејни награди;

отпремнини за одење во пензија;

регрес за годишен одмор.

Правото на надоместоци и нивната висина се регулирани со Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството.

         За полесно да препознаете што мора, а што не мора да се исплаќа во го посочувам следново:

  • Кога во законот или во колективниот договор е напишано ,, РАБОТНИКОТ ИМА ПРАВО”, тоа за работодавачот значи: ,,МОРА”
  • Кога во законот или во колективниот договор е напишано ,,РАБОТОДАВАЧОТ МОЖЕ НА РАБОТНИКОТ ДА МУ ИСПЛАТИ“, тоа значи дека може да исплатува ако има можност и желба, но не мора и не е казниво ако не исплати. На пр. Новогодишен надоместок, тринаесетта плата и сл.
        

Доколку на работникот не му е исплатен надоместок на кој има право по закон или по колективен договор, тој може да поведе судски спор за исплата на неисплатениот надоместок Рокот за тужба за било кое парично побарување од погоре наведените, што не ви е исплатено од страна на работодавачот, е 3 години. По тој рок настапува застарување.

За авторот:

Колумна на Билјана Чкламовска Freelancer консултант за корпоративно право и човечки ресурси. Предавач на Академија за човечки ресурси во Семос Едукација, на модулот: ‘Правни аспекти на човечките ресурси”. Тренер на тренери за мобинг. Лиценциран арбитер и помирува во работни спорови и Претседател на Асоцијацијата на арбитри и помирувачи  во работни спорови во РМ.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...