Преку Upshift Progression Framework обезбедуваме комплетен персонализиран пристап за секој член од тимот и загарантирана можност за напредок и развој. Секогаш настојуваме да ги привлечеме и задржиме најдобрите таленти на пазарот, па во таа насока се подразбира дека нашата мисија е насочена кон континуирано подржување на нивниот долгорочен развој и сето тоа на еден структуриран и транспарентен начин.
Организациите кои се стремат да функционираат успешно во глобалниот свет, се свесни дека веројатноста за одржлив успех зависи од нивната способност да привлечат и развијат таленти, а уште поважно е да се најде начин како тие да се задржат во организацијата и да се идентификуваат со поставените цели. Но, не би можело воопшто да се зборува за остварување на организациски цели, доколку немаме мотивирани вработени кои го вложуваат својот максимален труд.
Имајќи го предвид високото ниво на флуктуација и дефицит на работната сила во ИТ индустријата, одржувањето на високо ниво на ангажираност и посветеност кај кадарот претставува вистински предизвик за секоја ИТ компанија. Врз основа на бројни анализи и истражувања можеме да заклучиме дека ИТ индустријата во последните години е во постојан подем, особено ако се земе во предвид огромниот потенцијал за извоз на ИТ-услуги и бројот на новоотворени деловни субјекти. Поради големиот избор на домашни и странски ИТ-компании кои се во постојана потрага по таленти, вработените многу лесно донесуваат одлука да го променат своето работно место.
Најголемо влијание врз флуктуацијата во ИТ-секторот во глобални рамки, има компензацискиот пакет. На пазарот постојат многу можности за квалификувани ИТ-кадри, па од таа причина, тие во секој момент можат да заминат во друга организција во која сметаат дека нивниот труд ќе биде повеќе вреднуван и ќе се чуствуваат повеќе задоволни. Задоволството од работата се однесува на чувствата и ставовите што луѓето ги имаат за нивната работа. Доколку вработените се задоволни од работното окружување и се идентификуваат со поставените организациски вредности, веројатноста дека ќе ја напуштат својата работна позиција е помала.
Кога зборуваме за материјална компензација и стимулација, истото подразбира основна плата, дополнителни финансиски стимули и останати облици на материјално наградување. Во случај кога поединецот смета дека трудот кој го вложува во работата не соодејствува со материјалната компензација која ја добива, тој ќе се обиде да го пронајде посакуваниот сооднос надвор од организацијата. Според SHRM, материјалната компензација којашто поединецот ја добива во замена за неговиот труд, во голема мера го одредува неговото задоволство од работата, а притоа влијае и на одлуката, колку тој ќе се задржи на своето моментално работно место. Од друга страна, во оние организации во кои вработените се задоволни од основниот финансиски надоместок, нивната мотивација на долг рок, зависи единствено од тоа колку организацијата е подготвена да инвестира во нивниот развој и да понуди дополнителни уникатни бенефиции. Во современи услови, можноста за раст и развој се наметнува како уште еден голем фактор на влијание кога зборуваме за задржување на квалитетните вработени. Од организациите се бара детално подготвен план на кариерен развој, стручно усовршување и адекватна политика за унапредување.
Анализирајќи го секторот за информатички технологии во рамките на нашата држава, едни од главните фактори, поради кои ИТ вработените најчесто си заминуваат од организациите се: потребата за поголем финансиски надоместок и потребата за подобар бенефициски пакет. Како најзначајни активности кои домашните ИТ-компании сметаат дека треба да ги превземат, а со цел намалување на стапката на флуктуација се истакнуваат следните: постојано подобрување на бенефицискиот пакет, континуирано подобрување на работните услови, доделување работа на предизвикувачки проекти, воведување флексибилно работно време, зголемување на висината на финансиски надоместок, навремена директна комуникација, транспарентност и преземање активности за подобрување на организациската култура.
Имајќи ја во предвид важноста на истото, можеме да заклучиме дека она што во моментот создава и влијае на задоволството од работата, дефинитивно се должи на: чуството на достигнување, сопственост врз работниот процес, автономност, можност за континуиран раст и развој, како и одавање на признание за успешната работа, проследено со соодветна награда.
Уште од самиот почеток на своето постоење, UPSHIFT, како дел од домашната ИТ сцена, покажува висока проактивност кога е во прашање задоволството, ангажираноста, развојот и задржувањето на своите вработени. Приоритет за нашата компанија е одржувањето на ефикасен систем кој во потполност ја подржува воспоставената филозофија и практика, насочена кон одржување на високо ниво на мотивација, како и негување на тимското и индивидуално чуство на вредност и сопственост врз постигнатите резултати.
На прашањето што е тоа што UPSHIFT го прави во овој поглед, гордо можеме да кажеме дека во нашата компанија, секој знае по кој пат се движи неговиот кариерен развој, односно каде е во моментот и што истиот може да очекува и да постигне на краток, среден и долг рок. Преку нашиот Upshift Progression Framework, обезбедуваме комплетен персонализиран пристап за секој член од тимот и загарантирана можност за напредок и развој. Секогаш настојуваме да ги привлечеме и задржиме најдобрите таленти на пазарот, па во таа насока се подразбира дека нашата мисија е насочена кон континуирано подржување на нивниот долгорочен развој и сето тоа на еден структуриран и транспарентен начин. Сметаме дека оваа рамка функционира како еден вид професионален патоказ, при што секој следен момент, носи чекор поблиску до посакуваната цел во големата организациска слика. Едноставно кажано, сакаме да постигнеме секој да ги знае можностите за напредување во компанијата и што е тоа што ние можеме, сакаме и сме спремни да го понудиме за нашиот тим.
Од друга страна, кога зборуваме за бенефициски пакет кој најчесто се среќава во државата, UPSHIFT е една од ретките компании, која оди чекор понапред и го менува неговиот изглед, бидејќи на своите вработени им нуди можност за реално учество во сопственичката структура на компанијата, односно поседување на сопствен пакет акции.
Со овој пристап сакаме да ги поврземе индивидуалните цели и интереси со организациските и да овозможиме чуството на заедничка сопственост врз работата да расте, бидејќи тоа е нешто што не гради како тим и дефинитивно ќе продолжи да ја одржува нашата корпоративна култура.
За авторот:
Ника Ивановска е млад HR ентузијаст, алумни и стипендист на Академијата за човечки ресурси во организација на Семос Едукација и Clear View BTC, како и Магистер по Организациски Науки и Управување при Економскиот факултет во Скопје. Својот кариерен пат го започнува пред три години во консалтинг индустријата, а од неодамна се приклучува во тимот на Upshift на позицијата Recruitment and Culture Manager.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.