Колумна на Неда Спасевска – Менаџер за Човечки ресурси во Xessable.
Влегуваме во нова ера. Тоа е сигурно. Неизвесноста од минатите 2 години која сè уште не може со сигурност да кажеме дека е зад нас, остава белег и практично остави траги во повеќе аспекти на работењето и живеењето воопшто.
На социјалните медиуми, често читаме статии, да бидеме во тек, да не пропуштиме технолошки тренд, алатка, а како фокус беше нова вештина која најверојатно и природно се наметна е resilience или отпорност и справување со тешки ситуации и промени.
Практично ја дишевме 2021 со надеж дека сме таму, дека правиме токму она што целиот свет вели дека е нужно. Начинот на кој промените го обликуваат светот, работата, не менуваат и нас како индивидуи. Несомнено е да се спомене дека новите вештини треба да ни донесат подобрување на квалитетот на живеењето и работењето во целост. Сепак не е доволно само да се знае за истите, туку и да се препознаат ситуации кога треба да се покажеме во вистинско светло, дека ние модерните сапиенси сме господари со дискурсот на новото, модерното и сме ги усовршиле новите вештини и добро сме се справиле со новите ситуации.
Покрај целиот напор да се биде подготвен што поскоро, можеби не е доволно да се каже дека сме фокусирани и подготвени за новите предизвици. Негувањето на вештини како доброто слушање, разбирањето на комуникацијата како процес , емпатичноста, етичноста, треба да е императив на секоја индивиуа која сака да биде подбра верзија од себе денес, утре.
Усвојувањето на нови вештини е уметност, но не секому му оди лесно тоа брзо да го стори. Работните организации треба да имаат предвид, дека на дел од луѓето им е потребно повеќе време да ги ускладат пре и пост пандемиските однесувања. Кај некои луѓе надворешните фактори и потребата да се развијат нови вештини ќе значат предизвик, а кај некои демотивација и немоќ да бидат најдобрата верзија од себе си, така веднаш и така брзо.
Навистина светот нема време за чекање, но дали сме навистина подготвени да ги премостиме разликите и да усвоиме нови начини на однесување? Веројатно импактот е голем во сите сфери, а со трпение можеби и ќе успееме во тоа. Дали во иднина ќе се разликуваме едни од други според способноста на адаптација кон модерното или ќе има период на транзиција од досегашните искуства и практики кон модерното, останува во рацете и волјата на секој од нас индивидуално, ускладувајќи ги компетенциите и дополнувајќи ги со резилиентност.
За авторот:
Неда Спасевска е Менаџер за Човечки ресурси во Xessable. Има над 15 години искуство во администрација и ИКТ секторот, а од 2015-та работи во областа на Човечките ресурси во оутсорсинг работни средини. Од 2019 е активно вклучена во сите стратешки процеси поврзани со Човечките ресурси во компанијата Xessable, а нејзин предизвик и фокус е регрутација и развој на вработени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.