Колумна на Маринела Бошкоски-Менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia
Паралелно со напредокот во технологијата и континуираната дигитална трансформација, се зголемува побарувачката за нови способности. Со цел организацијата да остане конкурентна во вакви брзотрансформирачки времиња и организација да биде подобро подготвена за идните промени во индустријата, можеме да се потпреме на две техники: преквалификација и доквалификација.
Доквалификација е процес на учење на вработените на нови вештини во тековната работа.
Преквалификација е процес на учење нови вештини, обука и оспособување на вработените за да можат да работат поинаква работа.
И двете се ефективни стратегии преку кои копманиите можат да се борат против работни позиции за кои постои траен недостиг на вештини.
Доквалификацијата вклучува регрутација на кандидати со вештини слични на оние кои се клучни на копманијата, кои со соодветна обука и пракса ќе се оспособат за работното место.
Преквалификацијата , од друга страна, значи учење на вработените нови, напредни вештини за да се затворат отворените работни позиции за кои неможеме да најдеме квалификувани кандидати. Ова вклучува движење на членовите од тимот на компанијата во различни оддели, нивно континуирано учење и надградување, што помага во напредокот во нивната кариера. Предноста е што вработените веќе поседуваат разбирање за културата на компанијата, клиентите и бизнисот воопшто.
Еден од најдобрите начини и практики за активно користење на овие стратегии е преку креирање на кариерни патеки на вработените. Креирањето на кариерната патека е процес со кој се усогласуваат целите и амбициите на вработените со деловните цели на организацијата.
За креирање на успешна Кариерна патека потребно е да се воспостави пристап кој се темели на компетентност. Ова и овозможува на компанијата да ги процени компетенциите на потенцијалните кандидати за доквалификација и преквалификација од една страна и специфичните компетенции потребни за одредена работна позиција, од друга. На овој начин се идентификуваат специфичните вештини и потребната дополнителна обука за соодветно работно место.
За авторот:
Маринела Бошкоски-Менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia.Дипломиран економист,својата кариера ја започнува во банкарскиот сектор.Веќе 8 години активен HR ентузијаст,сертифициран тренер и ментор во компанијата .HR кариерата ја започнува во автомобилската индустрија со главен фокус на trening ,регрутација и onboarding.
Главна пасија -личен и професионален развој на вработените.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.