сабота, јануари 10, 2026
Почетна ОгласиСениор советник за човечки ресурси (Сегмент развој на вработени)

Сениор советник за човечки ресурси (Сегмент развој на вработени)

by 24HR

Сектор за човечки ресурси го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за рабoта во сегментот за развој на вработени.Одлична можност за примена на твоите знаења и вештини на клучна улога во развој на потенцијалите и компетенциите на вработените во Банката, преку имплементација на современи стратегии за континуиран раст и развој на вработени, како дел од сеопфатната стратегија за човечки ресурси.
Доколку имаш желба за достигнување на своите потенцијали и амбиција за успешно справување со предизвиците на модерниот менаџмент со човечки ресурси, те охрабруваме да се пријавиш на отворената работна позиција:

Твоите работни цели:

• Грижа за континуиран развој на вработените преку планирање и спроведување на ефективна стратегија и систем на развојни програми, обуки и едукација;

• Дефинирање и спроведување на индивидуални развојни планови и програми за лидерски и стручни вештини, развој на таленти и наследници, како и развивање на дигитални вештини;

• Креативен пристап за поддршка на културата на учење, преку дефинирање и спроведување на тренинг центри, иновативни активности, работилници и настани;

• Систематско следење на имплементираните програми за развој и евалуација на ефикасноста и задоволството на вработените од спроведените практики и активности, како и континуирано унапредување на истите;

• Дизајнирање и унапредување на интерната академија на обучувачи и ментори, како основа за градење на систем на континуирано учење;

• Следење на актуелните трендови во индустријата и најдобрите практики за грижа и развој на вработените;

• Спроведување на други активности, меѓу кои и организација на работилници, тим-билдинг активности и други настани за вработените, во насока на позитивна организациска култура, ангажираност и поддршка на брендот на работодавач кој се грижи за вработените и нивното искуство на работното место;

• Соработка со надворешни партнери за креирање и спроведување на традиционални и дигитални едукативни развојни програми.

Твојот профил:

• Универзитетско образование;

• Најмалку 3 години работно искуство во сегментот на управување со човечки ресурси со фокус на развојот на вработените;

• Искуство во дизајн и спроведување на обуки и развојни програми;

• Одлично познавање на современите трендови на менаџментот со човечките ресурси;

• Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);

• Високо развиени организациски и комуникациски вештини, со способност за ефективна интеракција со поединци и групи на сите нивоа во компанијата;

• Аналитички начин на размислување со способност за собирање и интерпретација на податоци за донесување на одлуки;

• Напредно користење на MS Office и информациски системи за човечки ресурси;

• Релевантни сертификати од областа на човечки ресурси;

• Способност за креативно и иновативно размислување;

• Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.

Твој мотив да ни се придружиш:

• Водечки регионален бренд и современо работно опкружување;

• Професионален тим со амбициозни развојни цели;

• Позитивна организациска култура базирана на отворена комуникација, меѓусебната поддршка и доверба;

• Грижа за добросостојбата на вработените и балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот, флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;

• Напредни обуки и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни експерти во областа;Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;

• Конкурентен пакет на плата, бонуси и надоместоци (вклучувајќи и приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, новогодишна награда, проектни бонуси).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 22.01.2025 на NLBKariera@nlb.mk со назнака за Сениор советник за човечки ресурси.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Related Posts

Leave a Comment