Доколку сакаш да работиш на имплементација и следење на стратегијата и програмата за развој на вработени, аплицирај за отворената работна позиција во Центарот за управување со човечки ресурси.
Сениор специјалист за развој на вработени
Твоите активности:
• Водење на стратегијата за развој на вработените преку планирање, креирање,спроведување и управување со програмите за развој на вработените и лидерите во Банката;
• Соработка со менаџментот од различни нивоа со цел креирање и спроведување на стратегии за развој на вработените кои се усогласени со целите и вредностите на Банката;
• Управување и оптимизирање на стратегиите за развој на таленти и наследници,преку идентификување на вработени со висок потенцијал и перформанси,дефинирање на индивидуални развојни планови и развој на наследници за менаџерски, стручни и клучни работни места во Банката;
• Преглед на развојот и имплементацијата на сеопфатни програми за обука,работилници и едукативни активности кои ги подобруваат знаењата и вештините на вработените;
• Соработка со надворешни партнери за креирање и спроведување на традиционални и дигитални развојни програми кои имаат за цел одржување на вработените во тек со најновите трендови и современи практики во индустријата;
• Следење на актуелните трендови во индустријата и имплементирање на најдобрите практики за грижа и развој на вработените, спроведувајќи нови идеи,методи и стратегии;
• Советување на менаџерите и останатите вработени за прашања поврзани со личниот и професионалниот развој, поддршка во планирање и реализирање на кариерните патеки и подобрување на знаењата и вештините на вработените;
• Активности за воведување на современи електронски алатки и унапредување на постојните софтверски решенија за поддршка на управувањето со човечките ресурси;
• Учество во активностите на Банката за креирање на посакуван бренд на работодавач, подобрување на ангажираноста на вработените и градење на корпоративната култура.
Твојот профил:
• Универзитетско образование;
• Најмалку 3 години работно искуство во сегментот на управување со човечки ресурси со фокус на развојот на вработените и управување со таленти;
• Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
• Високо развиени организациски и комуникациски вештини, со способност за ефективна интеракција со поединци и групи на сите нивоа во компанијата;
• Аналитички начин на размислување со способност за собирање и интерпретација на податоци за донесување на одлуки;
• Напредно користење на MS Office и електронски алатки за човечки ресурси;
• Релевантни сертификати од областа на човечки ресурси;
• Способност за креативно и иновативно размислување;
• Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.
Твој мотив да ни се придружиш:
• Препознатлив регионален и домашен бренд и современо работно опкружување;
• Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
• Континуирани програми за обука и индивидуален кариерен развој;
• Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
• Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
• Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено
осигурување и трет пензиски фонд).
Ако е ова позицијата на која се гледаш себеси, испрати ни мотивациско писмо и кратка биографија (CV) најдоцна до 22.09.2023, на nlbkariera@nlb.mk со назнака за Сениор специјалист за развој на вработени.
Те очекуваме!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.