Што да правиш кога не знаеш што да направиш?

од 24HR

Колумна на Ивана Кајеска – дипломиран психолог при Филозофскиот факултетот во Скопје, HR ентузијаст и вљубеник во современата психологија, со 5 годишно искуство како полициски службеник во Министерството за внатрешни работи.

Започни. Да, тоа е толку едноставно. Без разлика како ќе започнеш или кој прв чекор ќе го направиш, само започни.

Но, не почнувај веднаш да дејствуваш. Треба да се запознаеш со себе. Започни со ЈАС. Дефинирањето на твоите неодамнешни минати активности ќе те води. Дозволи твоето минато да ти биде ментор.

Најтешкиот дел од секој нов почеток е да се најде време да се развие стратегија за КАКО да се започне. Дали знаеш дека ако имаш и најмала желба да направиш нешто, веќе имаш медиокритетски способности? Тоа значи дека веќе имаш просечен квалитет за она што имаш интенција да го започнеш. Да, толку е моќна волјата. Стратегијата нема да се развие сама по себе, па ќе ти треба пенкало и хартија. И започни!

Моделот GROW (Џон Витмор, 1992) често се користи од страна на лидерите и менаџерите за човечки ресурси, за да ги подучат вработените во компаниите да дадат сè од себе. Овозможува учење преку искуство, размислување, увид, правење избори и нивно следење. Користењето на овој модел во бизнисот е поразлично, отколку кога го користиш за сопствен развој. Но, овој пат, бидејќи зборуваме само за себе, единствениот лидер и тренер за тебе си ТИ.

            Ова е едноставна, но моќна рамка за структурирање на твоите:

    • G – (goal) цели

    • R – (reality) реалност

    • O – (options) опции

    • W – (will) волја

Дефинирањето на твојата цел е клучот за да направиш било што. Откако ќе го пронајдеш она што сакаш да го постигнеш, сметај дека е половина завршено.

Значи, запрашај се, што навистина сакаш да постигнеш?

Второ, опиши ја твојата моментална ситуација. Стави се во твоја кожа. Покажи епматичност кон себе. За да ја видиш реалноста појасно и порационално, мора да се видиш себеси како другите луѓе. Така ќе ги препознаеш и надминеш пречките.

Размисли за твоите опции. Што би можел да добиеш? Што би можел да изгубиш? Колку време и труд ќе ти треба за да го постигнеш? Дали би бил посреќен?

Најмоќната, но и најтешката работа е да ја оставиш зад себе удобноста на она што веќе го знаеш. Твојата храброст ќе те натера да растеш. Визуализирај дека веќе си ја постигнал целта и  што чувствуваш додека се гледаш себе. Значи, каква акција ќе преземеш?

За да го завршиш она што го имаш на ум и покрај користењето на овој модел, ќе треба да развиеш збир на вештини. Вештини како реален оптимизам, морална одговорност, емоционална благосостојба, когнитивна флексибилност, социјална поврзаност, иден фокус. Овие вештини се неопходни и може да се научат. Моделот GROW е насочен кон твоите сопствени предизвици и проблеми.

Ако се чувствуваш целосно задовололен со она што си и она што го имаш во моментов, тогаш треба повторно да размислиш. Секогаш може да дадеш повеќе за да го имаш она што е најдобро за тебе.

За авторот:

Ивана Кајеска е дипломиран психолог при Филозофскиот факултетот во Скопје, HR ентузијаст и вљубеник во современата психологија, со 5 годишно искуство како полициски службеник во Министерството за внатрешни работи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...