СОРАБОТНИК ЗА РЕГРУТАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ

од 24HR

Локација: СКОПЈЕ, Дирекција за човечки ресурси

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, те охрабруваме да ни се придружиш и заедно со нас секојдневно да ги живееш нашите корпоративни вредности!

  • 200 години групациско искуство – Erste & Steiermärkische Sparkasse
  • 120.000 клиенти во земјата
  • 35 експозитури и 95 ATM
  • посветеност, кредибилитет и сигурност

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА!

Што ќе биде твојата улога  

  • Регрутација и селекција согласно потребите и стратегијата на Банката;
  • Креирање и одржување база на апликации за вработување, како и отворени понуди;
  • Обработка на пристигатите апликации за вработување и изготвување листи на апликанти кои согласно нивните квалификации влегуваат во потесен избор на кандидати за селекција;
  • Комуникација со пошироко и потесно селектираните кандидати, координација на интервјуата со кандидатите и со Раководителите на организациските единици и известување на кандидатите за направениот избор;
  • Подготовка на огласи за вработување (интерни и екстерни), пријава на вработените во АВРМ, комплетирање на потребната документација за вработување согласно процедурите, изготвување на понуди за работа и договори за вработување; 
  • Развој и оддржување на односи со надворешни добавувачи (агенции, универзитети и други) за обезбедување насочени и сигурни извори за процесот на регрутација;
  • Спроведување на програми за практикантска работа со цел креирање култура за идентификација и привлекување на млади потенцијали;
  • Водење на процесот на селекција и подготовка на целокупната документација за ангажирање на практикантите.

Кои квалификации се потребни

  • ВСС – Акредитирани високо образовни институции во РСМ;
  • Најмалку 1-3 години претходно работнo искуство поврзано со областа ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на англиски јазик и познавање на работа со компјутер (МC Office);
  • Познавање на законската регулатива поврзана со работните односи;
  • Одлични комуникациски вештини (усмено и писмено изразување)
  • Вештина за комуникација и самоиницијатива, способност за препознавање на приоритет во дневното работење и делување во тим;
  • Вештини за градење на доверба и добри односи во организацијата и со потенцијалните кандидати.

Кои ќе бидат твоите придобивки

  • Обезбедена обука за работа
  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
  • Приватно здравствено осигурување
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот и тимскот дух    
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените    

Те охрабруваме да ја искористиш оваа можност и да аплицираш на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на kariera@sparkasse.mk заклучно со 30.04.2023 со назнака „Апликација за СОРАБОТНИК ЗА РЕГРУТАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ“.

* Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.

* Ве молиме за доставување на Ваша согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 1 година, доколку сте согласни со тоа. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата  www.sparkasse.mk .

Те очекуваме!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...