Светот на машкоста: Кој има поголем „стап“?

од 24HR

Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со себеЗатоа, мојата намера овде е да споделувам со вас работи, што се надевам дека ќе ви бидат корисни и ќе ве водат на вашето патување кон креирање на љубовен однос со себе и со другите, со цел да изградите живот што го посакувате.

Дали сме подготвени да започнеме?

Помина околу две недели откако започна август и за некои од нас ова е месец на празни канцеларии, работна неоптовареност, тишина, одмори и релаксација. За други, како мене, изминатите неколку недели донесоа бројни ситуации кои длабоко ме вознемирија. Она што беше најинтересно за сите ситуации е, додека жените ги решаваа предизвиците на многу лесен и елегантен начин, полни со разбирање и емпатија една кон друга и кон ситуацијата, во одреден момент сите случаи ескалираа откако се вмешаа мажи.

Пред некој месец, за време на обука за преговарачки вештини во една голема фармацевтска компанија, ја задолжив групата да симулира преговори во нивната област. Групата беше хетерогена, составена од мажи и жени. Почетокот на преговорите беше многу успешен. Сите учесници беа подеднакво вклучени, разговорот се движеше кон взаемно решение кое е добро за сите, и бев горда на тоа колку брзо научија. Сè додека двајца алфа мажјаци од „спротивставените“ тимови не се „фатија за гуша“, покажувајќи кој има поголем „стап“ и во тој момент преговорите завршија без договор.

Пред неколку дена запознав личност од Украина, прекрасна, високо квалификувана, професионалец – за жал, иселена од својот дом во Киев, без работа, немоќна… изгубила сестра и најдобар пријател, и двајцата поради болест која не можела да се лечи како резултат на војната. Тие не се единствени во оваа ситуација, ги има милиони! Знаете кој ја ескалираше војната во Украина, нели? И, кој ги ескалираше тековните војни во Газа и Судан?

Факт е дека во меѓународната политика доминираат мажи. Според податоците на UN Women од 1 јануари 2024 година, само 23.3% од членовите на кабинет кои раководат со министерства се жени. Само 18 земји имаат жена претцедател на држава, а 15 земји имаат жена претцедател на влада. Шокантно, нели?

Па затоа, не е ни чудно што дипломатските напори за завршување на војните се неуспешни.

Ајде да нурнеме подлабоко…

Стапот на лидерството: Полова нееднаквост

Во овој машки доминиран свет во кој живееме, концептот „“ не е само метафора за моќ и доминација — туку е една комплексна игра меѓу социјалните очекувања, културните норми и индивидуалната психологија. Оваа фраза, која често се користи хумористично да се опише конкурентното позиционирање меѓу мажите, всушност допира многу подлабоко во аспектите на половата динамика и идентитетот.

Од еволутивна гледна точка, конкуренцијата меѓу мажите не е нов феномен. Истражувањата во еволутивната биологија сугерираат дека желбата за доминирање и статус има корени во нашето примитивно минато. Кај многу други видови, исто така, мажите се натпреваруваат за ресурси, територија и можности за парење, при што оние кои ќе покажат поголема сила, интелигенција или макијавелистички маневри често се истакнуваат како лидери. Ова еволутивно наследство оставило свој белег на човечкото однесување, каде што „поголемиот стап“ може да се смета како симбол на супериорност, без разлика дали во физичка сила, богатство или социјално влијание. Тоа ја доловува долготрајната опсесија на општеството со доминацијата, особено во полињата кои се доминирани од мажи, како што се политиката, корпоративното лидерство и војните.

Но, што значи тоа во поширокиот контекст на половата нееднаквост, особено во лидерските улоги? И како овој начин на размислување го обликува светот во кој живееме денес?

Тековните конфликти, како војните во Украина и Газа, се сурови потсетници за тоа колку длабоко се вкоренети машките концепти за моќ и доминација во глобалната геополитика. Војната, на многу начини, е крајниот израз на менталитетот „поголем стап“ – игра со нулта-сума, каде што целта е да се потчини или елиминира противникот. Историски гледано, лидерите кои влегуваат во војна често се гледаат како луѓе кои сакаат да ја потврдат својата доминација на глобалната сцена, мафтајќи го својот „стап“ во најбуквална и најдеструктивна смисла. Сепак, цената на овој пристап е преголема и катастрофална. Човечката загуба, економската пропаст и долготрајните општествени и психолошки лузни се длабоки. Тоа е висока цена која ја плаќа народот за да се докаже кој има „поголем стап“, и се поставува прашањето: дали ова е најефикасниот начин на водство?

Пред да продолжиме, едно известување:

Искуството дизајнирано да ви помогне да се воздигнете во нови височини е овде: специјализирана обука за НЛП Практичар во Виена (27-29 септември) и Скопје (4-6 октомври). Доколку се регистрирате до крајот на август, добивате специјална цена за рана регистрација.

Погледнете извадок од скорашната обука во Охрид со Лидерската програма за жени со влијание, каде што зборувам за НЛП алатката наречена „Ланец на извонредност“. Ќе научите многу неверојатни НЛП алатки кои ќе ви помогнат да заблескате. Затоа што,

ако сакате да блескате однадвор, треба да работите одвнатре.

Женски лидерски стилови: Различен вид на „стап“

Лидерството долго време e сфера доминирана од мажите. Жените се често запоставени, и покрај тоа што поседуваат исти, ако не и супериорни, способности. Извештајот од Светскиот економски форум од 2020 година посочува дека, и покрај напредокот во некои области, половата изедначеност во лидерските улоги е сеуште далечна цел. Жените држат само 27% од менаџерските позиции глобално.

Метафоричниот лидерски „стап“ – без разлика дали во однос на моќта за одлучување, видливоста или влијанието – сè уште во голема мера се наоѓа во рацете на мажите.

Оваа нееднаквост е длабоко вкоренета во општествените норми кои го изедначуваат лидерството со традиционално машките особини како што се асертивноста, одлучноста и конкурентноста. Овие особини често погрешно се сметаат за ефективно лидерство, засенувајќи ги подеднакво важните квалитети на емпатија, соработка и емоционална интелигенција – квалитети кои често се поврзуваат со женските лидерски стилови.

Кликнете овде за да го видите целиот извештај.

Истражувањата покажуваат дека жените често носат поинаков пристап кон лидерството; пристап што сè повеќе се препознава по својата ефективност. Студија објавена во Harvard Business Review во 2020 година покажа дека жените во лидерските улоги се оценети повисоко од мажите во клучни компетенции, вклучувајќи ја и отпорноста, соработката и способноста да ги мотивираат другите.

Женските лидери имаат трансформациски стил, фокусирајќи се на поврзување, разбирање, менторство и создавање на поддржувачка работна средина. Ова е спротивно на оној трансакциски и директивен стил што често се поврзува со машките лидери, кои најчесто се повеќе фокусирани на постигнување на непосредни резултати и утврдување на авторитетот. Трансформацискиот пристап не е само ефективен, туку и клучен во денешниот комплексен свет, каде што способноста за адаптација и инспирирање на колективното дејствување се од суштинско значење.

Не е изненадувачки што постои се поголемо движење за редефинирање на значењето на лидерството и моќта, отстапувајќи од застарените поими за доминација и контрола. Оваа промена се одразува и во зголеменото внимание за родовата разновидност во лидерството и препознавањето на различните стилови на лидерство како вредни, неопходни и попрофитабилни.

Кликнете овде за да го видите целиот извештај.

Подемот на жените лидери како Јасинда Ардерн, поранешната премиерка на Нов Зеланд, и Ангела Меркел, поранешна канцеларка на Германија, ни го илустрира влијанието на лидерството кое прави баланс помеѓу сила и сочувствување, и одлучност со емпатија.

Овие лидерки покажуваат дека вистинската мерка на лидерството не е големината на нечиј „стап“, туку способноста да се води со интегритет, разбирање и фокус на општото добро.

Како Македонка, горда сум што можам да се пофалам дека сме земја со жена претседател.

Пред да завршиме,

Психолошкиот данок

Психолозите долго време ги проучуваат психолошките имликации кои ги носи машката конкуренција и притисокот за усогласување со традиционалните машки идеали. Д-р Роналд Ф. Левант, пионер во психологијата на мажите и машкоста, сугерира дека многу мажи се чувствуваат принудени да се придржуваат кон „машката скрипта“ – која што ги вреднува цврстината, стоицизмот и успехот, како главни карактеристики. Оваа скрипта често води до она што Левант го нарекува „нормативна машка алекситимија“, состојба во која мажите се мачат да ги изразат своите емоции, и наместо тоа ги канализираат своите чувства во конкурентно однесување и докажување.

Меѓутоа, оваа постојана потреба да се докажат може да има штетни ефекти врз менталното здравје. Американската психолошка асоцијација (АПА) истакнува дека

мажите кои чувствуваат притисок да се усогласат со традиционалните машки норми имаат поголем ризик од доживување на анксиозност, депресија и злоупотреба на супстанци.

Метафората за поголемиот „стап“, иако хумористична, може да ја прикрие вистинската психолошка тежина што ја носат многу мажи.

На моите отворени обуки за личен развој, 95% од учесниците се жени. Оваа статистика ја потврдија и моите колеги и колешки. Глобално, истражувањата исто така покажуваат дека жените повеќе инвестираат во својот личен развој од мажите.

Си размислувам, додека ние жените работиме на подобрување на себе, развивајќи ги своите човечки вештини, мажите заостануваат.

Како жени, што правиме за нашите мажи?

Како мажи, како придонесувате кон создавање на просперитетен и мирен свет околу вас?

За крај, треба да го надминеме начинот на размислување кој го става „стапот“на пиедестал! Како што општеството еволуира, така треба да се развива и нашето разбирање за лидерството. Вистинската моќ не лежи во доминација, туку во способноста да се води инклузивно и етички, да се прифатат различни перспективи и да се создадат средини во кои сите – без разлика на полот – можат да напредуваат.

На крајот, „стапот“ што навистина има значење е оној што гради мостови, а не бариери, и што создава можности наместо конфликти. Како што продолжуваме да ги предизвикуваме традиционалните поими за машкост и лидерство, се приближуваме кон свет каде што моќта е поделена порамноправно, а лидерството се дефинира со способноста да се поддржуваат другите, наместо да се угнетуваат.

За крај,

Мојата порака за месец август е:


Да им помогнеме на нашите мажи да се поврзат со своите емоции на љубовен начин.

* Во оваа статија се направени многу генерализации земајќи предвид статистички податоци. Секогаш има исклучоци.

Предлог за понатамошно читање:

Smile and the world smiles back!! – статија за огледалните неврони.

Are you practicing savouring? – претходно издание на Self-Expedition билтенот кој ве учи како да ги направите позитивните искуства долготрајни.

* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: The World of Masculinity: Who Has a Bigger “Stick”? | LinkedIn

За авторот:

Викторија Јордановска
Викторија е основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP). Како Бизнис Коуч и Тренер за човечки вештини таа работи на создавање системи на извонредност преку развој на внатрешните ресурси. Нејзината експертиза вклучува извонредност во комуникација, лидерство, градење тимови со високи перформанси и системски интервенции.

Од 2014 година живее во Австрија и работи на меѓународно ниво фокусирајќи се на развивање на човечкиот потенцијал што е во секој од нас. Нејзиниот холистички пристап кон коучинг и обука вклучува НЛП техники, системско размислување, применета психологија, нов код на НЛП и методологијата Points of You, во комбинација со нејзиното долгогодишно искуство во различни индустрии. Овој системски пристап го поддржува растот на поединецот и севкупната организациска виталност во сите видови системи, без разлика дали се приватни, јавни или глобални корпоративни системи.

LinkedIn профил: https://www.linkedin.com/in/viktoria-jordanovska-372885/

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...