Уметница, упс, организациската култура мора бити здрава!

од 24HR

Колумна на Цветанка Захова -HR Professional 

Една од поголемите кризи со кои се соочуваат компаниите во моментот е недостигот на работна сила. Фокусирани на постигнување на годишните корпоративни цели, изготвување стратешки планови и презентации како “нашиот успех се должи на нашите вработени“, компаниите ги загубија основните вредности и начела врз кои се темели нивната организациска култура.

Како резултат на ова, секојдневно се произведуваат таканаречени detached employees. Се создава комплетно токсична средина, каде вработените се апсолутно незаинтересирани за компанијата во целост, а уште помалку за успехот, односно неуспехот на компанијата. Не се поистоветуваат со вредностите кои компанијата ги промовира, не го даваат својот максимум, јавно споделуваат саркастични work memes на своите социјални мрежи и работат 9 to 5 jobs се додека не пронајдат нова работа.

Повеќе од потребно е компаниите да започнат активно да ги слушаат потребите на своите вработени, исто како што ги слушаат потребите на своите клиенти!

Ако би направиле кратко интервју со топ менаџментот на 80% од компаниите во Македонија, секој од нив ќе ни каже дека тие имаат јасно дефинирани вредности, вкорената мисија и визија по која се водат и ја негуваат повеќе од 20 години. Организациската култура, како и агилното работење бара континуирана промена во вредностите согласно целите која една организација сака да ги постигне. За постигнување на целите кон кои се стреми компанијата, неизбежен зависен фактор е тие да се поистоветуваат со вредностите кои ги поседуваат и самите вработени. Многу истражувања покажуваат дека доколку компаниските вредности се поистоветуваат со вредностите и уверувањата на една индивидуа, тоа де факто создава чувство на припадност, односно safe space, кој на долг план резултира во креирање мотивиран и посветен вработен кој својата иднина ќе ја гради во истата компанија, а во најголема мера ќе го реши retention проблемот.

Доколку сакате да ја промените организациската култура, истата мора да започне од топ менаџментот. Ова е применливо во случаевите кога сакаме да создадеме и негуваме нова пракса на однесувања, односно здрава работна средина во која е овозможено секој вработен слободно и без ограничувања да го искаже своето мислење, да изнесе критика, да не постои стравот ‘што ќе се случи ако погрешам’ и да понуди иновативни решенија. Овие промени на однесувања започнуваат директно од самиот лидер. Тој ја претставува промената низ својата призма. Како ја доживува и негува, така се гради и проширува низ целата организација. Целта е да се создаде организациска култура во која секој вработен искрено ќе се грижи за својата компанијата и ќе биде тука за компанијата во нејзините ups и downs моменти. To wrap it up, од енормно значење е да бидеме нежни кон себе, да ги прифатиме различностите и преку одржувањето на здравата работна средина ќе создадеме современа организациска култура која ќе одговара исклучиво на вредностите на своите вработени.😊

За автор:

Цветанка Захова -HR Professional.Магистер по правни науки и ексесивен гледач на серии.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...