Дали Ковид-19 ја загрози позицијата на жените на работното место?

од 24HR

Ковид-19 не само што го запре напредокот на борбата за полова еднаквост и рамноправност на работното место туку и ги однесе работите чекор назад. 

Пандемијата на Ковид-19 имаше влијание врз работните навики на секој од нас, но загрижувачки се резултатите од едно ново истражување кое сугерира дека постои диспропорционално влијание врз жените на работното место кое не само што го запре напредокот на нивната борба за полова еднаквост и рамноправност, туку дури и ја однесе чекор назад.

Сиобхан О’Шej, директорка за услуги на клиенти во CPL и бренд амбасадор на „Институтот за иднината на работата“, смета дека пандемијата имала „непропорционално влијание“ врз професионалниот живот на жените од повеќе причини.

„Она што навистина го видовме е приказна за двојна економија“, рече таа.

„Голем дел од секторите кои беа најтешко погодени се оние кои се поприлично силно ориентирани кон женскиот пол, а тоа се сектори како угостителство, трговија на мало, туризам“.

Таа укажува на неодамнешниот извештај на McKinsey & Company според кој работните места на жените биле 1,8 пати поранливи на кризита предизвикана од Ковид-19 отколку тие на мажите, а 54% до вкупниот број на загубени работни места им припаѓале на жени, иако тие сочинуваат само 39% од глобалното вработено население.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) предупреди дека „непропорционалното влијание“ на пандемијата врз жените може да поништи некои придобивки во родовата еднаквост на пазарот на трудот во последните децении и навистина да ги влоши разликите.

„Претходните кризи покажаа дека кога жените ќе ја изгубат работата, се зголемува нивниот ангажман во неплатена работа и дека кога постои недостиг на работни места, жените често не ги добиваат можностите за работа кои им се на располагање на мажите“, велат од МОТ.

Неодамнешните податоци од „Ирскиот институт за економски и социјални истражувања“ сугерираат дека пред Ковид-19 жените во просек извршувале 13 часа домашна работа неделно и 10,7 часа повеќе неплатена работа отколку мажите.

Сепак, истражувањето спроведено на скоро 1.500 жени од страна на „Националниот совет на жени на Ирска (NWCI)“ во мај откри дека околу 85% од жените веруваат дека нивните домашни одговорности се зголемени од почетокот на пандемијата Ковид-19, што укажува на тоа дека тоа дополнително го надминува товарот на неплатената работа.

„Ако ја погледнете ситуацијата на почетокот на годината кога бевме во целосна блокада и децата беа дома, или имаше постари родители на кои им требаше поддршка или грижа, тие обврски повеќе се однесуваа на жените отколку на мажите, што има силно влијание врз општите трендови на трудовата економија“, изјави О’Шеј.

Загрижувачки е тоа што истражувањето на McKinsey & Company исто така откри дека повеќе од една четвртина од жените во САД размислуваат за „смена“ на својата кариера или целосно заминување од работната сила.

О’Шеј смета дека ова ќе биде „многу загрижувачка последица“ од пандемијата и организациите треба да бидат подготвени да понудат поголема флексибилност и разбирање во ова време полно со предизвици.

„Многу организации разгледуваат менторски, спонзорски и коучинг програми кои се грижат специјално за нивната женска работна сила за да се осигураат дека го негуваат тој сегмент на таленти; организациите кои стравуваат од губење на женскиот талент навистина се обидуваат да размислат за сè што може да се направи за да го заштитат истиот“, вели таа.

Важноста на негувањето на женскиот талент е клучна за да се обезбеди напредок на жените на високи позиции во работната сила и за стеснување на разликата во платите меѓу половите.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.