Исполнети желби, соништа или цели

од 24HR

Прашање кое сите понекогаш не мачи: Зошто немам доволно време, мотивација, дисциплина, ресурси, да го остварам тоа што го посакувам?

Исто како и мотивацијата и така и желбите треба да бидат ускладени со нашите животни вредности односно внатрешни мотиви, а не да ги постауваме зошто така треба или дека некој така рекол. Од старт им пресудуваме неуспех доколку самите нe сме убедени дека она што го пoсакуваме навистина ни е потребно. Сите имаме сопствен начин на поставување цели и сите ние различно се мотивираме, некогаш од желба, некогаш од љутина, поставуваме различни таргети за кои не мачат овие прашања. И кога ќе си го поставиме прашањето дали се чувстуваме исполнето, најчесто тоа ќе ни укаже директно дали се задоволени нашите животни мотиви. Понекогаш сонуваме за иднината која се мери во децении, некогаш пак зборуваме за иднината во текот на утрешниот ден. Најважно е поставувањето на нашите цели да го направиме денес само заради фактот дека тоа е единствениот начин истите утре да бидат реалност.

И кога самите ќе научиме да ги слушаме нашите внатрешни потреби, ќе бидеме во склад со самите себе а не со очекувањата на другите околу нас, тогаш почува уживањето во реализацијата на нашите цели. Ако немаме ускладени цели неможеме ништо да постигнеме. Ако не знаеме што посакуваме како ќе знаеме деке сме оствариле? Или пак како ќе знаеме дека сме постигнале личен успех ако не знаеме што сме сакале?

Патувањето низ процесот на исполнување на сопствените цели е многу возбудлив, за нас би било уште полесно доколку научиме како да уживаме во него. Доколку немаме цели, немаме јасна патека, нема да знаеме ни каде ќе стигнеме.

Како да се претворат желбите во цели е едно од најчесто поставуваните прашања на работилниците или обуките, на кои провејуваат изјави  “сакам да ослабам 10 кг за една недела”, “сакам да патувам во Шри Ланка”, “сакам да престанам да пушам”, “сакам нов часовник”, “сакам да се вработам” и итн..

Сите овие желби сме ги чуле многу пати околу нас, дел од нив и самите си ги посакуваме. Но за да бидат остварливи важно е да бидат реални. Тоа звучи како позната фраза, која како да се подразбира, но искуството покажува дека многу често луѓето поставуаат нереални цели согласно преценувањето или потценувањето на нивните спосбности, како и времето и трудот кој што треба да го вложат. Затоа при поставувањето на  нашите цели треба да внимаваме тие да бидат специфични и јасно мерливи (време, труд, други ресурси) односно да бидат остваливи. На пример: наместо “да учам повеќе”, целта треба да биде “да учам секое попладне по три часа”, или наместо целта да биде “да имам повеќе време за себе” , да  биде “секој ден ќе одвојувам минимум по еден час само за себе”.

Успехот и чувството за сопствена исполнетост не доаѓа преку ноќ само по себе, па затоа треба да се освестиме дека самите сме креатори на нашите животни патеки кои колку се појасно исцртани, толку подобро и побрзо ќе возиме низ нив исполнувајќи го она за што мечатеаме.

За авторот:

Д-р Мирјана Пехчевска Поп-Илиев е доктор на науки по организациски развој, експерт за личен и организациски развој, професионален коуч, кариерен советник. Сите текстови на  Д-р Пехчевска и многу повеќе за личниот развој ќе најдете на www.mimipehcevska.mk.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...