Љубов на работа во време на пандемија

од 24HR

Љубовните врски на работното место се во подем и покрај тоа што голем дел од нас работат од дома.

Додека работата од канцеларија е во опаѓање поради пандемијата на Ковид-19, еден аспект од начинот на кој порано бевме навикнати да работиме е во пораст – тоа е канцелариската романса.

Навистина, дури 50% од вработените велат дека имаат колега за симпатија и 34% изјавиле дека биле инволвирани или се моментално вклучени во романса на работно место, според најновите податоци на Здружението за управување со човечки ресурси (SHRM). Тоа е пораст од седум процентни поени во однос на минатата година.

„Во период кога повеќе време поминуваме изолирано отколку заедно, вработените бараат значајни врски“, изјави извршниот директор на SHRM, Џони Ц. Тејлор. „Ако вработените започнат романса на работното место, треба да се обидат да бидат транспарентни – особено ако врската претставува судир на интереси“, смета тој.

Со оглед на тоа што кафето во канцеларија е одложено на неопределено време и состаноците се сведени на „Зум“, изненадувачки е фактот што секој четврти вработен побарал од колега или колешка да излезат на состанок, а скоро двајца од пет вработени добиле покана за истото од некој со кого работат.  

Ковид-19 не беше доволна пречка за канцелариската романса

SHRM откри дека 25% од вработените во САД или започнале нова романса на работното место за време на пандемијата или ја продолжиле постоечката романса од периодот пред пандемијата. Скоро една четвртина од работниците во САД имаат „партнер на работа“, а 45% велат дека имале романтични чувства кон некоја ваква индивидуа.

Додека 78% од вработените изјавиле дека нивниот работодавач не бара да ја обелоденат романтичната врска, работодавците треба да ги направат јасни своите политики околу романсата на работното место, вели Тејлор.

„Бидејќи културата на нашите работни места постојано расте и се менува, во најдобар интерес на работодавците и професионалците за човечки ресурси е да размислат за спроведување насоки или да ги ажурираат постојните политики за романса на работното место“, вели тој.

Поради тоа што виртуелното вознемирување е во пораст и далечинската комуникација станува сè повообичаена помеѓу соработниците, важно е работодавците да ја земат предвид благосостојбата на своите вработени.

„Професионалците за човечки ресурси имаат одговорност да ги штитат вработените од фаворизирање, одмазда и инциденти на сексуално вознемирување“, рече Алекс Алонсо, одговорен за знаење во SHRM.

„На крајот на краиштата, човечките ресурси треба да ја охрабрат искреноста и професионалноста за да се овозможи непречено функционирање на работните односи и работните места“, додава тој.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.