Пет водечки атрибути кај лидерите од суштинско значење за 2021 година

од 24HR

Колумна на Јасмина Илиевска – самостоен консултант за човечки ресурси кој соработува со повеќе компании од Македонија и регионот.

Лидерските способности и атрибути кои треба да ги поседуваат водачите во организациите се менуваат. Економиите се во ситуација каде многу бизниси кои се успешни и кои рапидно растат, веројатно се изградени и растат врз основа на дигиталните технологии. Употребата на технологиите се од суштинско значење за сите бизниси, без разлика дали бизнисот е настанат во дигитален формат, или пак е трансформиран или управуван како таков. Оваа ситуација бара поинакво однесување на лидерите, кои треба да покажат способност за промени, агилност и брзина.

Како резултат на промените во функционирањето на компаниите, постои мноштво од основни способности што организациите ги бараат во нивните директори и менаџери оваа година, а веројатно и наредната година.

Бизнисте кои се родени како дигитални бараат агилност и поместување на границите!

Бизнисите во кои технологијата очигледно е основна деловна активност, се под голем притисок, затоа што истата е клучна за нивниот опстанок од една страна, но притисокот за унапредување на истата е клучен. Од нив се очекува постојано да се иновативни и да ги развиваат продуктите, потреба од агилност за да се постигне развој, способност за брзо прилагодување, мали кросфункционални тимови кои константно ќе иновираат.Способноста да се “поместат границите” и однатре, и однадвор, е неопходна кај овие организации.

Постоечките деловни модели се трансформираат!

Бизнисите кои не се дигитални или пак не биле родени како дигитални, подлежат на огромна трансформација на своето работење, доколку сакаат да преживеат. Бизнисите, кои се најчесто основани во раните 2000-ти, мора да сметаат на технологијата како поддршка на бизнисот. Тие се зависни од технологиите односно се овозможени од нивна страна. Пример за истото претставува комуникацијата со потрошувачите. Комуникација во дигитална форма беше опција до неодамна, но согласно последните услови online пристапот кон потрошувачите е задолжителен. Од друга страна тука е и примената на технологии како што се вештачката интелигенција и напредна анализа на податоците, кои им овозможуваат на многу компании да носат подобри одлуки.

Лидерските способности за дигиталните и постојните бизниси, во минатата година се променија

Без разлика дали технологиите се од суштинско значење за работењето на една компанија, или со примена на технологиите го поддржуваат функцирањето на нивните сервиси, постојат некои клучни способности кои лидерите треба да ги поседуваат за да одговорат на барањата согласно новонастанатата ситуација. Бидејќи деловните субјекти ги менуваат своите деловни и бизнис модели, производи и услуги, може да се забележат разлики во она што се бара и што се очекува меѓу извршните директори и менаџерите во сите сектори.

Во продолжение следат 5 способности или атрибути кои ќе бидат клучни при проценката на компетенциите на извршните директори и менаџерите во 2021 година, во сите сектори:

1. Situational awareness (Ситуациска свест) – Брзо, точно и прецизно согледување и толкување на она што се случува, развиена перцепција за согледување на она што се случува во време на случувањето, перцепција на елементите од околината и настаните, одвојување на важните информации и претпоставки, толкување и разбирање, можност за користење тие информации при донесување одлуки. Долги состаноци, дискусии, истражувања и процеси на носење одлуки не се релевантни во ова време. За оваа година релевантно ќе биде брзо и прецизно носење одлуки и преземање акција.

2. Толеранција на нестабилност – Лидерите треба да се чувствуваат пријатно и во нестабилна средина со многубројни барања, и да бидат во можност да продолжат да функционираат добро и уредно и во двосмислени, нестабилни средини.

3. Лична агилност – Способност и подготвеност за брзо движење, и со напредно ниво на флексибилност. Бавноста, бирократизацијата не се одлики кои се бараат во денешната работна околина.

4. Градење тим – Агилниот начин на работа, во несигурна работна средина, и работата од дома, бара способност за зближување на продуктивните луѓе и на далечина, и особено е важно брзо градење на доверба со новите вработени.

5. Љубопитност – Тековен и суштински интерес за учење за светот во и надвор од организацијата, како дел од континуираното учење на лидерот.

Конверзија на способностите во пракса!

Размислете како КОВИД-19 донесе фундаментални и радикални промени во начинот на соработка на сите сектори. Работа од далечина, online состаноци, ограничени ресурси, примена на нови технологии, менување на бизнис моделите за многу кратко време. КОВИД-19 нè научи дека кога ќе се надминат границите, луѓето и организациите можат брзо да се менуваат. Сè уште учиме какви се можностите што секоја организација може да ги гради и да ги користи. Лидерите кои го знаат истото, ќе бидат особено ценети.

За авторот:

Јасмина Илиевска е висококвалификуван HR професионалец и консултант со повеќегодишно искуство во областа на менаџмент, организација и развој, човечките ресурси, агенциски ангажман и коорпоративно. Она што ја карактеризира Јасмина е работата која е секогаш во согласност со најновите трендови во врска со човечкиот капитал, деловните модели и процеси, како и прифаќањето на предизвици и желбата за особен придонес во компаниите каде работи. Во улогата консултант таа работела со троцифрен број на компании во текот на годините, со проекти поврзани со управување со квалитетот, развој на системи за работа, соработка во областа на човечки ресурси, како и развој и обука на вработените, а со компанијата NGS Global го прифати предизвикот и почна да работи интернационално. Како резултат на своето искуство и желба да ја унапреди својата кариера, Јасмина одлучи да започне нов предизвик и моментално работи како самостоен консултант и соработува со повеќе компании од земјата и регионот.

1 коментар
3

Related Posts

1 коментар

Маја март 30, 2021 - 3:10 pm

Способноста за прилагодување разработена во 5 сегменти. Одлично кажано Јасмина, применливи за секоја позиција.

Врати

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...