Предвидување на иднината на талентот во ИТ индустријата

од 24HR

Колумна на Викторија Дранговска и Марија Крагујевска од Codeit Solution.

На почетокот од минатата година се појави пандемија од Ковид-19 вирусот, ситуацијата која никој не можеше да ја предвиди или да знае како треба да функционира. Секоја компанија се соочи со своите предизвици, дали ќе ги задржат проектите, дали ќе треба да го намалат бројот на вработени?

Растот на компаниите зависи од текот на пазарот, за некои беше многу лесно да се обезбеди работа од дома, но за некои тоа беше невозможно. Повеќето компании за кратко време се прилагодија на работата од дома и нормално си продолжиja со процесот на вработување и наоѓање на нови вработени.

Но, имаше многу дискусии на оваа тема. Ајде да пробаме да видиме што се случи една година подоцна.

Дали работите ќе бидат некогаш исти? Кое е предвидувањето за работа од дома? Дали е одржливо? Може ли да функционират компаниите на овој начин во иднина?

До одреден степен, може слободно да кажеме, дека работата од дома, е тука да остане. Ова се’ смени, дури и како ќе изгледаат нашите домови, има размислувања дека движењето кон хибридна работна сила е нешто што изгледа поверојатно и ќе функционира во иднина.

Можно е да компаниите преминат кон дисперзивна форма, со многу мали канцеларии низ целата земја или ширум светот, така што некои од вработените ќе имаат опција да може да одат во канцеларијата во близина на родниот град. Ова е одлична можност да се работи за реномирана компанија, а без притоа да се мигрира од родниот крај. Не би сакалe да звучи како клише, но со оваа промена сфативме дека сме подготвени целосно да функционираме „од дома” и голем дел од работните задачи, може да се завршат дигитално.

Но останува да се види дали талентот ќе диктира каде ќе биде сместена канцеларијата на компанијата во иднина?

Предизвик е да се работи “од дома”, но хибридниот тип на работа е поверојатно да биде одржлив, а луѓето ќе работат ефикасно и ефективно. Компаниите исто така треба да бидат подготвени и од економска страна, за да го модифицираат канцеларискиот простор. Овој начин на работа, им помогна на многу луѓе да растат на професионално ниво, затоа што немаа свој колега покрај себе да поставува секакви прашања и можеби за прв пат, останавме да видиме на кое ниво се наоѓаат нашите знаења тоа поле. Но исто така постои и личноста која не може да работи самостојно, дали за нив ќе треба да се бара нов начин или едноставно да бараат работа која не е на далечина? Ова особено се однесува и на практикантите, на кои им е потребно менторство. Кај нас во Кодит Солушн ние креиравме интензивна практикантска програма преку која успеавме да им пренесеме не само знаење, туку и култура и методи за работа и сето тоа резултираше со нивна поголема самостојност во извршување на работни задачи како наши идни вработени.

Кои ќе бидат предизвиците со работа од дома?

Некои од компаниите сè уште мислат дека ќе се вратат како порано. Но поголем дел од компаниите веќе почнаа да се припремаат да ги остават двете опции, работа од канцеларија или засекогаш работа од дома. Веќе потешкиот дел е направен, скоро една година се работи на тој принцип дигитализиран регрутмент, почеток на запознавање на компанијата се до развој на самата компанија. Еден од потешките предизвици, во регрутмент делот, е недостаток на човечкиот контакт. Човекиот контакт е природен заедно со говорот на телото. Дури понекогаш полесно е да разберете некого кога го гледате пред да слушнете што сака да каже. Исто така, што правиме со новодојдени вработени и вклопувањет во тимот. Се разбира, полесно е со колегите со кои сте работеле изминатите години. Но за нововработените, за нив ќе треба двојно повеќе време за да ги запознаете со сите колеги и процеси, за да започнат да функицонираат нормално.

Дали тоа ќе влијае на самиот процес и давање на први резултати при вработување? Како ова влијае на вработувањето и потребните алатки за комуникација?

Прво, сите сегменти од одделот човечките ресурси, се движат и преминуваат кон дигитализација на процесите. Виртуелните настани, станаа попопуларни начини за регрутирање нови кандидати и нивно вработување, како што се комуникациските канали за организирање видео повик за интервју, онлајн тестови и организиран календар. Но, ризикот останува дали е доволно видео повикот за да се одлучите да ја направите животна промена? Дали вашиот инстинкт за препознавање на добра средина добро може да процени и во овој случај на орагнизирани инервјуа „од дома“.

Компаниите стануваат иновативни за да понудат што е можно повеќе опции на своите кандидати, па така, покрај регуларното интервју се воведува и еднонасочно видео интервју каде што кандидатите ќе одговорат на дадените прашања кога и да чувствуваат дека можат, во текот на денот. СМС-пораките и емаил пораките ќе останат корисни алатки и во иднина. Но АТС системи станаа алатка без која не може да функционираме.

Предизвикот не застанува тука, сега треба да размислуваме и на дополнителни алатки и платформи кои би ни служеле за организирање на настани на кои вработените би можеле да се дружат и да се запознаат меѓусебе.

Како што споменавме претходно со работата од дома, вредностите како самомотивирање, организација, придржување до роковите, и да се има трпеливост и разбирање за колегата кој има дете или куче со потреби, станувват поважни од се. Со што доаѓаме до заклучок дека треба да работиме на нашите меки вештини исто колку што работиме и на нашите технички вештини!

Како до мерливост на не-пристрасен начин?

Културата е поважна од кога и да е, но е многу тешко да се направи тоа сега кога сите сме далечни, секој од својот дом. Прво, треба да ги дефинираме и разбереме вредностите, да ги поставиме вистинските прашања што ги истакнуваат вредностите. Далечинското вработување ги крши бариерите во различни градови, па дури и во различни земји, внесувајќи повеќе разновидност во оваа целина. Но, одеднаш компаниите имаат повеќе кандидати кои аплицираат на отворен оглас, затоа што сега нема физички препреки.

Најдоброто искуство во регрутментот, ќе биде една од главните причини поради која кандидатите ќе одлучат со која компанија ќе го продолжат својот процес. Искуството на кандидатите е нешто на што сите треба да инвестираме,од почетокот кога ја скенираат компанијата до самиот момент на вработување. Работите се менуваат многу и можеме да видиме и дека дел од компаниите станаа поактивни на социјалните мрежи, се со цел да се биде присутен повеќе таму, и да им се даде можност идните кандидати да ја запознаат компанијата и нејзините вработени одблиску.

Што е со искуството на вработените?

Сè започнува кога ќе го потпишат договорот, и првите луѓе што ќе ги запознаат, „onboarding“ процесот претставувањето на новите вработени во компанијата и со вработените со кои ќе имаат малку или никакови заеднички работни активности.

Поврзаноста, конекцијата е дел кој сеуште недостасува во секојдневното работење, и е една од проблематиките која секоја компанија сака да ја реши. На крајот, на сите ни недостасува дружбата.

И за крај останува прашањето дали се движиме во иднина каде повеќе не постои работно време од 9 до 5?

За авторите:

Викторија Дранговска е CEO и Co-founder на Codeit Solution. Дипломиран инженер по информатички технологии, претходно искуство како програмер но во последните 9 години се специјализира и е одговорна за менаџирање на Codeit Solution. Дел од нејзините неформални едукации се CEED академија за претприемачи, има сертификати за деловна комуникација и човечки ресурси и Leader сертификат од Ivey schools, и од минатата година стана член на бордот на швајцарски startup за blockchain.

Марија Крагујевска е Магистер на правни науки со неколкугодишно искуство во регрутација и во одделот на човечките ресурси. Во моментов работи во Codeit Solution како Human Resources Specialist.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.