Интервју со Марија Спировска, одговорна за контрола на квалитет на софтверски решенија во компанијата PrymApps и еден од учесниците на Академијата за Employer Branding на ВИТА Институт.
Марија Спировска е одговорна за контрола на квалитет на софтверски решенија во компанијата PrymApps која е главен центар за развој на софверот за менаџирање со човечки ресурси FledgeHR. Иако по професија е правник, во еден момент одлучува да ја промени кариерата и согласно современите трендови да го спои своето дотогашно искуство со професионално надградување во ИТ технологиите. Веќе 3 години е член на тимот на PrymApps. Приватно, посветена е на постојано учење за личен развој, истражува теми од интерес кои се применливи во струката, важи за неуморен борец за правата на маргинализираните групи и животните, а во слободно време се релаксира со јога.
Кои се спецификите на специјализираниот софтвер за човечки ресурси FledgeHR и како тој функционира во пракса?
Најпрво, PrymApps е компанија за развој на софтвер, специјализирана за развој на скалабилни веб и cloud-базирани апликации за управување со деловни процеси. Ние сме главен центар за развој на софтверот за менаџирање со човечки ресурси – FlegdeHR, кој пак е дел од поголема платформа FledgeWorks (www.fledgeworks.com); каде во соработка со нашите партнери, преку FledgeHR како основа нудиме и консалтинг, HR outsourcing, интеграција со плати, системи за регистрација на работно време итн.
FledgeHR е сеопфатно софтверско решение за управување со човечки капитал, базирано на cloud технологија, кое помага да се создаде култура на високи перформанси преку развој на мотивирани, компетентни и задоволни вработени. Овозможуваме поддршка за сите процеси и функции на управување со човечки капитал потребни за ефикасно управување со знаењето, навиките, социјалните и личните карактеристики на вработените, како и нивната способност за извршување задачи и постигнување на целите преку следните сегменти: администрација со човечки ресурси, регрутирање, вовед во работата (on-boarding) и управување со перформанси и таленти.
Методологијата позади решението е развивана во долг временски период, базирана е на долгогодишни истражувања и со задоволство можам да кажам дека е веќе успешно имплементирана регионално кај интернационални клиенти (компании кои бројат повеќе од 2.000 вработени – преку нашите партнери во Словенија, Србија и Северна Македонија, ексклузивен партнер за Македонија е ВИТА ИНСТИТУТ).
Уште еден клучен фактор за успех кој би сакала да го издвојам е посветеноста и ентузијазмот на тимот кој стои позади FledgeHR: се работи за тим од професионалци во своите области, без чија експертиза, иновативност и аналитика ништо од ова немаше да биде возможно. И секако, современ менаџмент којшто поседува growth mindset, односно активно се залага да ги обезбеди потребните ресурси за развој на вештините кај секој член во тимот – што се докажува како успешна формула за креирање на професионалци. Секој ден сум благодарна што имам прилика да го делам работниот ден со тим од кој можноста за учење не може да се исцрпи.
Што за вас значеше учеството на Академијата за Employer Branding, имајќи ја предвид вашата улога во компанијата?
Несомнено, придобивките од Академијата се од огромно значење за мене, бидејќи само преку континуирано учење и запознавање на нови напредни концепти можам понатаму да го давам мојот придонес во развој на FledgeHR. Дигитализацијата на процесите, но и запознавањето со најновите стилови на менаџмент, промоција и лидерство кои се потребни за раст и здобивање на имиџ – одличен работодавач – се од големо значење за мене имајќи предвид кои се приоритетите на компанијата за која работам, но и потребите на нашите клиенти. За мене академијата отвори нови хоризонти и ми даде малку поинаков поглед кон концептите кои беа тема на обработка, што е од огромно значење за да можам да ја формирам целосната слика и да го продлабочам моето ниво на разбирање. Би ја препорачала Академијата за Employer Branding на секое лице (без разлика дали е на менаџерска позиција или не) кое сака да биде дел од иднината на ХР.
Кои теми од предавањата ви побудија најголем интерес за вашиот професионален развој?
Лично за мене беше доста корисно длабокото навлегување во Employer Branding со инклузивен ХР, од останатите би го издвоила модулот за менаџирање на перформансите на вработените и како ефективниот коучинг може да поттикне развој на компетенции кои се потребни од вработените за дополнително напредување на работното место, модул кој ме инспирираше да започнам да ја истражувам оваа област и да навлезам подлабоко во бизнис психологијата како наука што е и од мој личен, а и професионален интерес, бидејќи во нашето решение имаме цел модул за развој на компетенции.
И секако, тоа што периодов е актуелно за сите: споделување на најдобрите практики и проучување на екстензивните истражувања за новиот начин на работа којшто не мора да вклучи физичко присуство и канцеларии – претставува тема за размислување и изнаоѓање идеи како истово би го олесниле за нашите клиенти преку нашето ХР решение.
Развијте ја вашата стратегија за Employer Branding и привлечете и задржете ги врвните таленти во вашата компанија. Пријавете се на Академијата за Employer Branding на ВИТА Институт овде.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.