Познато е дека најголемиот капитал на секоја компанија се вработените, инвестирањето во нив и нивниот равој се од клучно значење за одржлив раст и развој на секоја компанија.
Компаниите трошат многу пари и време за регрутирање и вработување на соодветен персонал, но за жал застануваат тука.
Вие можете да ги имате најдобрите вработени, најголемите умови но доколку застанете тука, со само нивно вработување всушност не сте направиле ништо добро за вашата компанија.
Според голем број истражувања увидено е дека компаниите кои се занимаваат со развојот на своите вработени бележат многу поголеми успеси за разлика од компаниите кои воопшто не се занимаваат со ова прашање.
Посветените обуки, тренинг програми го прават вработениот постручен, по мотивиран и ја создаваат неговата припадност кон компанијата.
Во време на брз развој, дигитализација, глобализација компаниите мора да се борат за да ја преживеат таквата реалност, мора брзо да се прилагодуваат и менуваат со што би биле чекор понапред од своите конкуренти. Во ова време на усовршување и брз развој компанијата за да преживее и плови на површина мора да биде проактивна да ги предвидуваа работите кои треба да доаѓаат и да ги поставува правилата на игра на пазарот. Предноста за успех на една компанија е нејзината способност за предвидување и уочување на околината и создавање на конкурентска предност.
Најпрофитна инвестиција во денешно време за секоја компанија е вложување во образованието на своите вработени. Оваа инвестиција на компаниите ќе им се врати повеќекратно за неколку години подоцна. Компаниите кои ја увиделе важноста на образованието за своите вработени се борат за постојано учење и надоградување на човечкиот капитал.
Она што е неопходно да напоменеме дека придобивањето со знаење и вештини од обуки и образование не би биле од корист доколку истите не се пренесат во работењето и во подобрувањето на резултатите од работењето. Залудно би било да се вложува во обуки од кој не би се осетило бенефит од истите. Затоа секогаш треба да се прави анализа на работењето и да се утврдат правите потреби од дообразување и остручување во областа од работата како и компаниската стратегија.
Ако се прашаме кои се целите на развојот на вработените? Мора сите ние да се сложиме дека со развој на вработените се зголемува и работниот потенцијал на работниците, кои ќе можат самостојно да решаваат комплекси прашања и да допринесуваат за развојот на компанијата во целост. Со развој на вработените расте и ефикасноста на работата како и успехот на компанијата. Трето, што според мене едно од најбитните работи е можноста на младите талентирани вработени лесно да се прилагодат кон новитетите и безпрекорно да се носат со новостите кои ги носи иднината.
Развојот на вработените и носи на секоја компанија стабилност и успех. Со оспособен вработен компанијата нема да се доведе до ситуација на падови и кризи.
Оваа статија ќе ја завршам со две мудри мисли кои мене навистина ми се допаѓаат и ме мотивираат за се она кое во животот следи.
“Education is the most powerful weapon which you can use to change the world.” – Nelson Mandela
“There is only one thing worse than training employees and losing them, and that’s not training them and keeping them.” – Zig Ziglar
За авторот:
Гордана Медарска е Специјалист за регрутација и обуки, со активно работно искуство во областа на човечките ресурси повеќе од 5 години во рамките на Рамсторе Македонија. Задолжена за вработување, следење и развој на кариерата на вработените. Претходно искуство во областа на увоз и царински процедури. Дипломирана на правниот факултет Кирил и Методиј Скопје, Моментално ангажирана со истражување во делот мотивација на вработените подготвувајки магистерска теза.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.