среда, јануари 14, 2026
Почетна КолумниДа ја охрабриме автентичноста на вработените

Да ја охрабриме автентичноста на вработените

by 24HR

Да се има храброст да се биде тоа што си, да се има храброст да се чекори кон најдобрата верзија од себе е предизвик пред секој вработен кон кој може многу полесно да се пристапи доколку организациската култура го охрабрува таквиот начин на однесување.

Големите и успешни организации можеме да ги препознаеме по тоа што ја охрабруваат автентичноста на вработените. Можеме да ги препознаме по тоа што на вработените им дозволуваат и им обезбедуваат простор да го изнесат богатството кое го носат во себе.

Иако ваквиот пристап е „потежок“ за менаџирање долгорочните резултати во работата на двете страни, и за вработениот и за организацијата, се на позитивната скала. Како што е познато има два начина – добар и лесен, добриот не е лесен, а лесниот не е добар. Зависно од тоа кон кој пристап ќе се приклони организацијата од тоа ќе зависат и нејзините резултати.

Често може да се слушне дека таквиот начин е теоретски е добар, но дека во пракса во нашите услови не е применлив. По таа неприменливост на истиот може да се забележат и различните резултати кои се постигнуваат во работата, доколку не се сака да се вложи она што го вложуваат успешните во нивната работа и доколку се сака да се оди по „полесниот“ пат истото се рефлектира на крајните резултати во работата. А за незадоволството од постигнатите резултати секогаш се има избор истото да го препишеме на лошата општествена поставеност, непосветените вработени, нелојалната конкуренција и многу други кои ќе бидат одговорни за непостигнатите резултати.

Успешната организација е потребно да се постави на тој начин како би можела да ги привлече и охрабри вработените да му одолеат на конформизмот и да не се притопат кон веријата од себе за која веруваат дека ќе му удоволи на некој околу нив, некој кој што веруваат дека е важен во тој момент за нивната кариера.

Она по што се разликуваат вработените е нивната конкурентна предност и ако „тој/таа“ не се доволно добри и се бара „тој/таа“ да се менува во својата срж тогаш е поумно „тој/таа“ да најде некое друго место каде ќе може да се даде себе и за истото да биде вреднуван и ценет и ова е подеднакво добро како за вработениот така и за самата организација. Никој не би требало да се присилува да се вклопи во сликата, колку е поголем притисокот толку е „поразмачкана“ сликата.

Организацијата треба да изгради и охрабри култура во која ќе биде дозволено секој вработен да си го постави прашањето дали ќе се менува согласно потребите и очекувањата на луѓето кои го опкружуваат и кои во некој момент се важни на неговиот кариерен пат. Кај секој вработен да се охрабри желбата да се запраша – кој сум јас, ако постојано се менувам во насока на задоволување на она/оние што ме опкружуваат, а не тежнеејќи кој постојано, свесно, избрано растење во насоката која е посакувана за постигнување на личната и организациската цел.

На овој начин се губи поврзаност со внатрешното автентично јас кое живее во секој човек и кое е најголемото богатство кое и е сервирано на организацијата. Автентичното јас кое е важно да се негува како би можело да се задржи и негува задоволството кое што го нуди животот.

Сите истражувања го потврдуваат фактот дека задоволните вработени поинаку пристапуваат кон работата и нивните резултати во работата се значително подобри, нивната продуктивност повисока, нивната посветеност поголема… Иако изборот за погореотвореното прашање е пред секој вработен големо и значајно е влијанието на организациската култура врз истото, првиот непријател си е секој вработен сам на себе со потиснувањето на автентичноста кое сам си го прави, а вторниот голем непријател е притисокот на масата т.е. организациската култура.

За авторот:

Ана Салтирова Давидовски е Менаџер за човечки ресурси во АМСМ и NLP Тренер и Коуч. Таа е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија и активна е на повеќе проекти за развој на човечките ресурси во Македонија и промоција на професијата. Автор е на детската интерактивна книга „Благодарам“ преку која методологијата на NLP ја доближи до најмалите.

Related Posts

Leave a Comment