Ново интервју-прашање: Што правеше за време на пандемијата?

од 24HR

Вистинските компетенции на една личност најдобро може да се оценат преку нејзините однесувања, преференции и развој на настани во тешки времиња.

За време на интервју за работа, се поставуваат голем број прашања за да се анализираат професионалните и бихејвиоралните компетенции на кандидатите. До повеќето од овие прашања, кандидатите можат да дојдат преку читање на поврзани книги или блогови. Сепак, како резултат на пандемскиот процес што го имавме, се појави едно ново прашање кое веќе е додадено на листата со веќе постоечки прашања.

Поради пандемијата, исто како и многу други работи, се промени начинот на кој го координираме интервјуто, како и прашањата што ги поставуваме за време на истото. Во меѓувреме, додадено е уште едно прашање помеѓу класичните прашања поставени на интервјуата денес, а тоа е: „Што правевте за време на пандемијата?“.

Во моментов сум сигурна дека сите што го читаат ова прашање веќе започнаа да го истражуваат одговорот… Без разлика дали сте вработени или активно барате работа, начинот на кој ќе го потенцирате овој проблем може да ви создаде можност за која никогаш не би помислиле во деловниот живот.

Ковид-19 предизвика различни ефекти врз луѓето. На некои уште на самиот почеток им беше тешко да се прилагодат и чувствуваа страв поради сериозноста на ситуацијата, а други пак иако беа мотивирани, нивната мотивација подоцна како да спласна.

Тешките периоди низ кои поминуваме се голем тест за нас, а испитот сè уште не е завршен. Затоа, треба внимателно да размислиме за одговорот на ова прашање… Важно е да подготвиме добар и квалитетен одговор, особено ако сме во процес на барање работа. Тоа е така бидејќи вистинските компетенции на една личност најдобро може да се оценат преку нејзините однесувања, преференции и развој на настани во тешки времиња. Ако создадеме патоказ кој ќе го претвори интервјуто за работа во можност, можеме да ги следиме чекорите подолу, како и примерите на однесување:

Чекор 1 – Се адаптирав

Пример: Ја презедов контролата врз анксиозноста и стравот предизвикан од пандемијата и започнав мотивирано чувствувајќи се благодарно за секој нов ден.

Чекор 2 – Истражував и планирав

Пример: Постојано истражував како можам да го искористам овој период за моето здравје и развој и се советував со моите пријатели и луѓето на кои им верувам. Го ставив она што можам да го направам во временски и акционен план, дефинирајќи мали придобивки за себе.

Чекор 3 – Презедов акција

Пример: Редовно спортував за да го сочувам здравјето. За мојот развој, учествував на онлајн програми од различни области и следев семинари. Прочитав книга и следев одредена агенда.

Чекор 4 – Прегледував

Пример: Го оценив тоа што го направив, тоа што не успеав да го направам и резултатите што ги добив од брзите настани во рамките на мојот временски и акционен план.

Чекор 5 – Се подобрив

Пример: На крајот на моите проценки, направив подобрување, корекции и унапредување на мојот план.

Што правеше за време на пандемијата? Без разлика колку е смислен, оригинален и свесен одговорот на ова прашање, кандидатот може да создаде можност за која никогаш не ни размислувал. Не пропуштајте ги овие можности кои кризата ги создаде!

 

За авторот:


Мине Алптекин е наш дописник од Истанбул, Турција со 20-годишно искуство во областа на човечките ресурси. Во моментов предава „Дигитални човечки ресурси“ на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул, а во исто време работи и како консултант за човечки ресурси. Мине смета дека човечките ресурси се неопходен сектор во секоја компанија. Особено во овој тежок период, улогата на човечките ресурси стана уште поважна. Поради ова, Мине ќе споделува предлози и идеи што ќе им помогнат на нашите читатели колку што е можно повеќе. Мине ќе пишува кратки статии со време за читање од 2 до 5 минути.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...