Регрутер на LinkedIn: Секој кандидат заслужува искреност

од 24HR

Секое работно место има свои недостатоци, но најважно е како ќе ги искомуницираме со кандидатите.

Брендан Браун, одговорен за регрутација во LinkedIn, признава дека една од најголемите грешки кои ги прават регрутерите на почетокот на својата кариера е ставањето превез преку очите на кандидатите.

Како и на повеќето почетници, така и на него, носејќи се со притисокот што побрзо да го пополни работното место со најдобар можен кандидат, му се има случено да понуди работа на некој за кој знае дека нема да биде среќен на работната позиција. Неколку месеци подоцна, неговиот кошмар се остварува кога дознава дека вработениот е несреќен и оттогаш не ја прави истата грешка, а ги повикува и останатите регрутери да го послушаат неговиот совет.

Како што вели Браун, пропустите и малите „бели“ лаги можеби не изгледаат толку опасно за време на процесот на регрутација, но подоцна истите можат да ја нарушат довербата на кандидатот и шансите за негово задржување во компанијата.

Најмногу се „лаже“ за недостатоците на работното место

Најголемиот број на транспарентни „бели“ лаги се кажуваат во моментот кога се комуницираат недостатоците на работното место. Знаеме дека врвен приоритет за секој регрутер е колку што е можно подобро да го „продаде“ работното место, но да бидеме искрени, ниту едно работно место не е совршено. Секое работно место си има свои недостатоци, а начинот на кој ги комуницирате истите може да направи разлика. Па како да го направите тоа?

Запомнете дека незадоволниот вработен нема да остане со вас на долг рок

Пристапот кој Браун го препорачува е да се постави искреноста на едно ново ниво и да се стави сè на масата. Овој пристап може да го користите во која било фаза на процесот на регрутација, од описот на работното место па се до вашата прва или последна интеракција со кандидатот.

Техниката со која се служи Браун е всушност „непродавање“ на работното место како начин за комуникација на недостатоците на работното место со кандидатите. Еве пример за нешто што тој би го рекол:

„Оваа работа е тешка. Не е за секого. Мора да работите навистина напорно. Излезете и направете ваша анализа. Прашајте ги поранешните вработени што им се допаднало, а што не им се допаднало на работното место и дознајте дали нашата компанија одговара на вашите потреби.“

Овој пристап, со своите „земи или остави“ импликации ја пренесува одговорноста целосно на кандидатите. Бидејќи не се обидувате да направите никаков притисок, го зајакнува нивото на доверба и ви дозволува да допрете до помалку привлечните аспекти на работата.

Врската помеѓу работодавачот и вработениот можеби не е света, но сè уште станува збор за врска која бара доверба, чесност, партнерство и интегритет, вели Браун.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...