Europass доби нов изглед

од 24HR

Платформата Europass доби нов изглед и нови функционалности за лицата кои бараат работа

Европската комисија ја лансираше новата и подобрена верзија на Europass – платформата која до вчера ја користевме само за креирање на CV.

Новата верзија која започна да функционира од 1 јули останува бесплатна за користење и истата е достапна на 29 европски јазици.

Покрај новиот изглед, на платформата е додаден и сет на онлајн алатки кои ќе им помогнат на поединците да управуваат со секој чекор во своето образование и кариера.

Дополнително, новата платформа им овозможува на работобаратели полесно и поефективно да ги комуницираат своите вештини и квалификации.

Еве краток преглед на дел од новите функционалности кои се достапни на новата онлајн платформа на Europass:

  • е-Портфолио каде работобарателите ќе можат да ги внесат своите вештини, квалификации и искуства
  • препорачани работни места и курсеви за корисниците на Europass врз основа на нивните интереси и вештини
  • нови алатки за креирање на CV и мотивациско писмо
  • информации за учење и работа во Европа

Europass е една од најпознатите платформи каде лицата кои бараат работа можат со неколку кликови да дојдат до CV. Само во 2019 година, на Europass се направени 25 милиони кратки биографии. Најголем број од корисниците на Europass се од Португалија, Шпанија, Италија и Романија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...