Топ 10 вештини на работното место за 2021 година

од 24HR

LinkedIn Learning го објави својот петти Извештај за учење на работното место.

Секој од нас ќе се сложи дека професионалниот свет помина низ значителни промени во изминатата година. Како што правиме транзиција кон нова ера на хибридни работни места, вредно е да се запрашаме кои вештини ќе бидат најпотребни и како компаниите можат да ги развијат истите кај своите вработени.

Анализирајќи преку 1.200 професионалци за учење и развој и речиси 900 работобаратели LinkedIn се обиде да открие како се менува начинот на учење на работното место и така дојде до клучните вештини кои работодавците ќе ги бараат во иднина.

Извештајот за учење на работното место објавен на онлајн едукативната платформа LinkedIn Learning, покрај другото, открива и како L&D се менува во рамките на организациите и како овие компании ги обликуваат своите стратегии за учење во годината што претстои.

Покрај тоа, благодарение на прибраните податоци LinkedIn успеа да ги идентификува топ 10-те вештини кои пазарот на труд ќе ги вреднува во 2021 година. Тие се:

  1. Еластичност и адаптабилност
  2. Технолошки вештини / дигитална флуентност
  3. Комуникација во рамки на далечински тимови
  4. Емоционална интелигенција
  5. Меѓусекторска колаборација
  6. Лидерство низ промени
  7. Менаџирање со промени
  8. Справување со стрес / внимателност
  9. Управување со време
  10. Креативност

Еластичноста и адаптабилноста се најважната вештина за 2021 година.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...