Мојот влез во чудесниот свет на HR

од 24HR

Ова е една кратка сторија за еден професор по англиски јазик и ДЏ во слободно време, кој влезе во светот на HR. 

Живееме во едно променливо општество, од аспект на технолошки, политички, економски и демографски промени, но и време кога светот се соочи со здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Пред извесно време, прочитав една статија од “Таткото на модерниот HR” Dave Urlich. И така започна мојата љубопитност да влезам во овој свет ” кој денес, токму денес… е време создадено за работа со човечките ресурси”. Тоа беше негов заклучок, кој го прифатив без двоумење. Ако живеам во време кое како да е создадено за овој животен повик, зошто да не пробам?

Создавањето на иновативни производи или услуги, па и технолошкиот напредок на светот се повеќе и повеќе се ослонува на управувањето со талентите, со формата на лидерство и со организациската работа која создава една единствена способност за реагирање на деловните промени. 

Влегувајќи во овој свет, преку компанијата AV Technologies за мене се отвори свет на фантастични можности и учење кое ми донесе нова вредност за личен кариерен развој, но и за животот, воопшто.

Тука секако морам да ја споменам и мојата менторка Андриана Московска која неуморно покрај своите обврски посвети огромен дел од своето време и ми помогна дополнително да ја засакам професијата и да се вложам со целиот мој капацитет. 

Она што го научив уште на почетоците е дека менаџирањето на човечките ресурси е свет на уникатност, каде копирањето кое е се поприсутно не само што иритира, тука и не поминува. 

И тука се случи тој спој со оваа професија, во која знаев дека целосно ќе се пронајдам. 

Имено, додека поголемиот дел од конкуренцијата може да копира, односно “препишува” нечиј пристап до финансискиот капитал, до стратешките програми или оперативните системи…шансите да се копираат управувањата со талентите во една комапнија, формите на лидерство и организациската работа, се по многу нешта уникатни и единствени, тоа се процеси на реагирање на деловни промени, во кои HR ја превзема улогата на главен архитект и таа уникатност никој не може да му ја украде. 

Факторот на таленти, на водство и на организација кои делуваат на доброто на вработените и реализација на стратегиите на компанијата, како и грижата за однос со клиентите, инвестититорите и заедницата, даваат една одржлива вредност за која денес е ВИСТИНСКОТО време и тоа го работат луѓето од HR. 

Од она што секојдневно го работам во овој свет кој денес има витална важност, согледувам следни нешта. HR може да вклучува и човечки ресурси и пракса и професионалци, а HR одделите стануваат организациска единица која го формира начинот на управувања со талентите, лидерството, а и целата организација. Влијанието на човечките ресурси не се препознава само како функционална вредност или само како остварување на стратешките цели на компанијата, како што се вработувањето, обуките и развојот на кариерата. Тука се и достигнувањата, стекнувањата на важни информации преку проценки, награди, анкети на тимот, комуникација… но и на самата организација, нејзиниот дизајн на организациски систем, политиките на компанијата и сл.

Сите наведени алатки и практики во овој миг го надминуваат патот на изолирани процеси и интегрирани решенија, а професионалците за HR кои ги користат до детал се профилирале како личности со единствено знаење и способност за да создаваат реална, вистинска вредност.

Често размислувам, како годината на здравствена глобална криза со пандемијата, мене ми го промени светот во однос на кариера во AV Technologies компанијата, но и во радоста за секој нов ден. 

Научив преку овој мој нов ангажман дека и во лоши околности има начини да се потврди секој со својата улога и да ја докаже својата вредност. 

И како личност и како компанија. 

Многу размислував, особено со техниката “од внатре кон надвор”, каде што делувањето на HR професионалецот се фокусира само на комапнијата и само на организацијата внатре. Потоа го применив и она другото, да се гледа на клиентите, на инвеститорите и на заедницата во која делуваме, која се соочи со тешка година. 

И увидов, дека сум на вистинското место. Ова е комапнија која не се базира на еден обичен опис на култура на организација, туку создава “вистинска” култура која води кон зголемување на резултатите и внатре во системот, но уште поважно надвор кон опкружението. 

Оваа комапнија е доказ дека HR не е само управување со талентите-вработените, нивниот развој и протокот на луѓе во неа….Таа има вистински импакт врз деловните резултати и врз талентот на секој поединец.

Оттука ова не е место кое само лоцира сјајни личности, туку и воспоставува организациска култура, процес и систем кој ги надминува капацитетите на секој вработен индивидуално. Сакам да работам за компании кои само како тим победуваат. Без победа и успех на пазарот, многу наследени HR вредности нема ни да постојат. Ова е време на нов дневен ред, глобално во светот на човечките ресурси – кој истовремено е предизвикувачки и преполн со многу нови прилики за успех. 

И стојам тука гледајќи напред кон него. 

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...