Македонската ИТ компанија ⋮IWConnect  го одбележа отворањето на канцеларијата во Скопје со забава во Cuban Summer Style

од 24HR

Со повеќе од 18 години постоење на пазарот, и повеќе од 3 години присуство во главниот град на Македонија – Скопје, ⋮IWConnect минатиот петок официјално го одбележа отворањето на канцеларијата во Скопје со забава во Cuban Summer Style.

Канцеларијата на ⋮IWConnect во Скопје официјално е отворена пред 3 години, една година по експанзијата на ⋮IWConnect во Прилеп, но прославата за истата официјално беше направена оваа година, односно минатиот петок на 02.09.2022. Скопската канцеларија на ⋮IWConnect  започна со работа со само неколку вработени за само по три години да брои преку 60 луѓе кои работат на создавање извонредна вредност за своите клиенти преку употреба на најразлични алатки и технологии од областа на интеграција со SnapLogic, MuleSoft, TIBCO, Low-code платформи, Microsoft технологии, PHP, Java, AWS, менаџирање и анализа на податоци, сите видови на тестирање на производи и решенија со акцент на автоматско тестирање, поддршка и одржување на системи и многу други.

Во текот на трите години на постоење во Скопје, ⋮IWConnect се прошири во голема мера што доведе до промена на локацијата на канцелариите. Па, започнувајќи од оваа година скопската канцеларија на ⋮IWConnect се наоѓа на нова локација на ул. Наум Наумоски Борче, бр. 40. Во прилог слики од канцелариите во Скопје.

Преселувањето во новите канцеларии беа повод ⋮IWConnect да организира забава со која ќе го прослави и отворањето на канцеларија во Скопје, но и новиот простор. Познати по начинот на кој организираат забави (забавата по повод отворањето на новите канцеларии во Битола во Great Gatsby стил, YouTube), и оваа забава беше организирана на ист начин, но овојпат во Summer Cuban Style. На забавата присуствуваа вработени од петте канцеларии на ⋮IWConnect – Битола, Прилеп, Скопје, Амстердам и Нови Сад, а ги забавуваа: Latino Extravaganza со Jasmina Del Sol, Live Band “Pece Superhiks со Breakdown Band”, по што следуваше и DJ. Забавата траеше до полноќ и од сликите во прилог очигледно е дека прославата била на највисоко ниво.

⋮IWConnect е ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија. Како компанија која се заснова на богато минато, а се фокусира на иднината на дигитализацијата и конекциите, ⋮IWConnect е општествено одговорна компанија која редовно инвестира во својот роден крај. Визијата на ⋮IWConnect е да создаде семејно-ориентирана култура, каде секој ќе може да го сподели своето мислење слободно, да пренесе знаење и да им помага на другите, со што ќе овозможи личен, професионален и етички развој на своите вработени, и родниот крај.

Со седиште во Битола, и канцеларии во Прилеп, Скопје, Амстердам, Хјустон, и Нови Сад, ⋮IWConnect успешно ја гради својата приказна повеќе од 18 години.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...