Чекорете со самодоверба – Инспирирајте го вашиот тим

од 24HR

Колумна на Татјана Јанева – консултант со долгогодишно искуство во областа на човечките ресурси.

Дали некој некогаш ве инспирирал до толку што сте го значајно промениле животот, на начин што ви го направил поздрав, посреќен или исполнет? Кога последен пат сте разговарале со некого кој бил навистина инспиративен?

Постојат илјадници дефиниции за лидерството. За мене најпогодна дефиниција е „Лидерството ги доловува најважните работи, да бидеш способен и подготвен да ги инспирираш другите“. Инспирацијата е критичен елемент да се биде успешен лидер.

Реалност е дека инспирацијата е недоволно ценета во нашите секојдневни животи. Нашиот професионален живот не е исклучок, без разлика дали имаме исполнета кариера или секојдневна работа. Ако некогаш сте работеле со личност која не знае како да инспирира други, веројатно разбирате дека инспирацијата доведува до зголемена етика и продуктивност. Вработените најверојатно ќе бидат најмногу инспирирани од лидери кои истовремено се емпатични и се насочени кон градење на успешен бизнис.

Можеби се прашувате себеси „како да ги инспирирам другите“? Бидете искрени со себе размислувајќи не само за тоа што вас ве инспирира, туку и за она што го гледате како инспирација за пријателите, семејството и вашите колеги. Кога ќе погледнете подалеку од себе, најверојатно ќе ги откриете одговорите и што треба да направите за да создадете поинспиративна компаниска култура.

За да научите како да ги инспирирате вработените, прво мора да разберете што ги инспирира. Разбирањето на вработените да „се вклопат“ е една од најосновните компоненти на емпатијата и ефективната комуникација.

Кога сте само насочени кон одредена цел, го губите личниот допир. Кога демонстрирате взаемна почит кон сите инволвирани, процесот на соработка станува извор на инспирација. Од друга страна, инспирацијата вклучува промена на начинот на размислување и чувство на вработените за себе, допир до нивните вредности и желби.

Како лидер, секогаш кога зборувате за вредности, за идентитет и за долгорочни цели, вашата намера – без разлика дали сте свесни или не – е да инспирирате.

Инспирацијата  доаѓа во многу различни форми. Можете да постигнете трајни резултати со премин од менаџирање во инспирирање со примена на:

  • Бидете пример за другите
  • Фокусирајте се на односите со вработените
  • Бидете промената што сакате да ја инспирирате
  • Покажете ентузијазам и мудрост
  • Инспирирајте со акција
  • Слушајте внимателно
  • Совладајте ја емпатијата
  • Покажете грижа
  • Верувајте им на вработените
  • Градете ги вработените
  • Оставете го егото зад себе
  • Поставете цели и очекувања кои инспирираат
  • Останете смирени и опуштени
  • Чекорете со самодоверба

Искреноста гради доверба и ги тера другите да веруваат во вашата инспирација. Способноста да ги инспирирате другите е важна вештина, онаа што ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот успех.

Кога ги инспирирате другите, ги мотивирате да бидат подобри во работата, да си постават повисоки цели за и се стремат да постигнат повеќе.

За авторот:

Татјана Јанева е консултант со долгогодишно искуство во област на човечки ресурси. Ентузијастична, креативна и енергична личност која со развој на вработените и усогласување на сите функции на човечките ресурси го оптимизира растот на организациите и генерира брзи резултати.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...