24HR обезбеди 15% попуст за следење на Глобалниот самит HR во ИТ ‘21

од 24HR

ИТ регрутерите и HR специјалистите од Македонија кои сакаат да слушнат за најновите практики во најуспешните технолошки компании од калибарот на Samsung и Adobe, имаат уникатна можност по намалена цена да бидат дел од дводневниот Глобален онлајн самит HR во ИТ ’21 закажан за 10 и 11 август.

HR-от се развива динамично, и секоја година опфаќа сè поширок спектар на задачи. Особено за време на пандемија, кога специјалистите за човечки ресурси се од клучно значење за ефикасно водење на бизнисот од далечина: поддршка на менаџери, одржување и развој на позитивна корпоративна култура, зголемување на ангажманот и продуктивноста на вработените и многу повеќе.

Додека физичките настани се ставени на чекање, американската компанија Geekle не запира! Тие работат на Глобалниот самит за човечки ресурси и регрутирање во ИТ кој е ќе се случува онлајн на 10 и 11 август 2021 година.

Нивните говорници се водечки експерти од врвни компании од целиот свет, вклучувајќи ги Adobe и Samsung, кои се подготвени да споделат какви се предизвиците со кои се соочуваат експертите за човечки ресурси и регрутирање во нивната работа.

Главните теми на настанот ќе бидат: привлекување и задржување на таленти, онбордирање и офбордирање на вработени, дигитална трансформација на човечките ресурси и регрутацијата, предизвици поврзани со работата од дома, Employer Branding, професионален развој и HR во стартапи.

Учеството на настанот чини 59 долари за регрутацискиот ден, 79 долари за HR денот, а цената на картата за двата дена е 119 долари.

24HR обезбеди 15% попуст за сите свои читатели кои сакаат да бидат дел од ова глобално случување со внесување на промо кодот 24HR15 во формата за регистрација.

Повеќе за Глобалниот самит HR во ИТ 2021 и начинот на регистрација може да прочитајте овде.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...