Нови работни можности, нови вработувања, нов „JobLink by DEKRA“
„JobLink by DEKRA“ доби освежен изглед и нови функционалности кои овозможуваат уште поедноставно и поефикасно поврзување на кандидатите и работодавачите.
Зад платформата стои ДЕКРА Македонија, компанија со долгогодишно искуство во областа на човечките ресурси, која континуирано работи на унапредување на процесот на регрутација и поврзување на компаниите со квалитетни кадри преку современи дигитални решенија.
Новата верзија на “JobLink by DEKRA” нуди модерен изглед, поедноставна навигација и побрз пристап до сите важни информации. Кандидатите по регистрацијата можат лесно да ги пребаруваат актуелните огласи, да пронајдат позиции кои одговараат на нивните квалификации и интереси и со само неколку клика да аплицираат за посакуваното работно место.
Истовремено, компаниите преку платформата можат исто така едноставно и брзо да се регистрираат и да ги објавуваат своите потреби за нови вработувања или да ги промовираат кариерните можности кои ги нудат, да ја претстават организациската култура и вредностите што ги негуваат, како и да допрат до голем број кандидати заинтересирани за нови професионални предизвици.
Во рамки на промотивната понуда, бесплатното објавување огласи и користењето бесплатни рекламни банери е до 30 јуни 2026 година. Компаниите во овој период можат бесплатно да објавуваат редовни, сезонски и практикантски позиции, да бидат дел од секцијата „Издвоени компании“ и да ја зголемат својата видливост на платформата без дополнителни трошоци.
Без разлика дали сте во потрага по нова кариера или по нов член на вашиот тим, „JobLink by DEKRA“ е вистинската адреса.
Вашата следна можност е само еден клик подалеку.