Децата на вработените во корпоративните служби тргнаа на возбудливо патување низ Производство фармација. Преку внимателно осмислената едукативна прошетка, со голема возбуда ги следеа производствените процеси и го запознаа патот на лекот од идеја до конечен производ. Средбата со новиот свет, во кој квалитетот, безбедноста и одговорноста се врвен приоритет, поттикна голем број прашања и нови сознанија.
Дружењето продолжи со игра и смеа. Следуваше забава за децата и за родителите затоа што најубавите спомени се создаваат кога знаењето и радоста одат рака под рака.
Грижата за вработените и за нивните семејства е врвен приоритет во корпоративната култура на „Алкалоид“. Преку различни форми и иницијативи компанијата ја јакне поврзаноста со своите вработени и им овозможува и на најмладите да ја почувствуваат припадноста и да го доживеат духот на деветдецениската традиција.