50 проценти од менаџерите во Дојче Банк до 2025 ќе бидат жени

од 24HR

Најголемиот германски кредитор постави имплицитна квота барем 50% од вработените на менаџерски позиции да бидат жени до 2025 година.

Дојче Банк ќе мора да назначи жени на околу 50 проценти од високите раководни позиции за да ја исполни својата нова цел за родова еднаквост до 2025 година.

Од банката минатата недела соопштија дека до 2025 година ќе го зголемат уделот на жени на високи раководни позиции од 24 на 30 проценти.

Во моментов тие имаат околу 600 раководни позиции од кои само 150 се пополнети од жени.

Поради тоа што мал дел од овие позиции остануваат слободни на годишно ниво, компанијата ќе биде приморана да ги исполни овие цели со назначување на жена на секоја втора позиција.

„Поголемата разновидност на менаџерските позиции е деловна неопходност за нас“, изјави Мајкл Илгнер – глобален директор за човечки ресурси на Дојче Банк, додавајќи дека ова ќе ја направи компанијата поуспешна бидејќи постојат многу докази кои покажуваат дека поразновидните тимови постигнуваат подобри резултати и побрзо се прилагодуваат на променливата околина.

Нема компромис за квалитет

Коментирајќи ја новата одлука, Илгнер изјави дека овој таргет нема да ги промени критериумите за избор на кандидати на банката.

„Секако дека ќе го избереме најсоодветниот кандидат за позицијата, не сакаме да правиме никаков компромис кога станува збор за квалитет“, изјави тој.

Оваа самонаметната квота на банката е построга од условите кои ги дефинира германското законодавство. Од 2016 година, на 30 проценти од местата во надзорниот одбор на компаниите мора да бидат жени – а ова правило го почитува и Дојче Банка.

На почетокот на оваа година, во Германија стапија на сила нови законски услови според кои секоја компанија која котира на берза мора да има барем една жена член во својот управен одбор.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...