Самит на лидерство

од 24HR

Со мотото „Покажи го патот на другите“ започна првиот самит за лидерство во организација на Our Mind, кој се одржа на 29 ти октомври во Хотел Холидеј Ин.

Основачот на платформата Our Mind, Маја Иванова Цеков, на отварањето кажа зошто започнал проектот и зошто е овој самит за лидерство.

„Идејата за Our Mind започна пред неколку години кога јас се вратив во Македонија и се соочив со нашиот работен систем и со прашањето: „Што да правам овде? Како да успеам да се остварам и лично и професионално?“

Верувајќи дека голем дел од младите се соочуваат со истото прашање во одреден период од животот, таа порача дека единствениот начин да се извлечеме од таа “психолошка криза” е преку работа на себе, преку читање на многу книги, посета на обуки и семинари, посета на психолог, сѐ со цел да се посвети внимание на личниот раст.

„После одреден период работа на себе, сфатив дека сѐ зависи од мене! Не е битно каде живееме! Исполнетоста од животот дооаѓа одвнатре. А идејата на Our Mind беше ова што ние го осознавме да го пренесеме на што поголем број луѓе.“

Порача дека доколку веруваме и сме посветени на нашите цели, тие неминовно ќе се остварат.

Целта на Our Mind е да ја крене свесноста за себе, а со тоа и себе-одговорноста, затоа што само ние сме одговорни за нашиот живот. Сѐ потекнува од нашите мисли, а оттаму и нашето лого и нашето мото Нашиот живот се нашите мисли.

Самитот беше поделен на два модула. Во првиот модул „Влијание наспроти Моќ“ тројца психолози, со своите излагања, успеаа да доловат која е разликата помеѓу менаџер и лидер, кои се митовите за лидерите и како да се води преку инспирација, влијание и визија.

Во вториот модул „Емоционално интелигентен лидер“ беше потенцирана важноста на емоционалната интелигенција и како добриот лидер знае да биде емпатичен, им помага на другите и ги признава емоциите на другите.

После двата модула имаше време за дискусија, каде беа отворени прашања од секојдневното работење, на што предавачите одговараа од психолошки аспект, како и од нивното долгогодишно работно искуство.

На краткиот коктел на крајот, присутните изразија задоволство од самитот, со порака до организаторите да продолжат со ваквите настани, бидејќи се повеќе од потребни.

“Целта на овој самит не е да ја крене свесноста за лидерството, туку вас, веќе постоечките лидери да ве охрабри да продолжите со она што го правите и заедно да создаваме лидери кои ќе се стремат кон позитивни промени во општеството. Затоа што јас верувам во малите промени!”

Организаторите порачаа заедно да веруваме во малите промени, а секој од нас да биде лидер во она што го работи, без разлика на титула и позиција.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...