Терминот „синдром на натрапник“ е смислен во 1978 година од Полин Кленс и Сузан Имес за да го објаснат чувството на само-саботажа и себесомневање и неможноста да се интернализира успехот, нешто што го чувствувале успешните жени, иако, потоа, се докажало дека оваа појава е присутна исто така и кај мажите.
Зар не ги мразите оние што добиваа десетки откако ќе кажеа: „Не учев воопшто, ќе паднам“ веднаш по испитот? Е па, таа беше една од нив. По дипломирањето, ја викнаа на интервју во компанија и веднаш почна да се споредува со другите кандидати „Види ги, тие изгледаат како да се многу покомпетентни од тебе, кого го залажуваш“ – ѝ се појави еден внатрешен глас, замаглувајќи го нејзиното спознание и логично размислување. Зборовите што ги изустуваше на интервјуто ѝ звучеа лажно. Но, таа ја доби работата. „Изгледа имав среќа“ – им велеше таа на своите пријатели.
Отсекогаш сум мислела дека професијата човечки ресурси има товар што треба да бидеме среќни да го носиме: подигање на свеста, особено за работи што се тешки и на луѓето обично им е поудобно да ги премолчат. Овој феномен е толку чест, што според некои истражувачи, околу 70% од луѓето го почувствувале тоа во својот живот, а некои, за жал, се приморани редовно да се справуваат со него. Ако не сте се чувствувале никогаш како натрапници кои другите само што не ги откриле, вие сте меѓу ретките среќници.
Терминот „синдром на натрапник“ е смислен во 1978 година од Полин Кленс и Сузан Имес за да го објаснат чувството на само-саботажа и себесомневање и неможноста да се интернализира успехот, нешто што го чувствувале успешните жени, иако, потоа, се докажало дека оваа појава е присутна исто така и кај мажите.
Што претставува синдромот на натрапник?
Синдромот на натрапник се манифестира на многу начини, но во неговото јадро е стравот да се покажете како недостојни или недоволно заслужи. Претставува многу повеќе од недостаток на самодоверба, „натрапниците“ обично го припишуваат својот успех на среќа или добар тајминг или на други надворешни фактори и се плашат дека нема да можат да го повторат успехот во иднина. Тие на сите други гледаат како да се попаметни, покомпетентни и работат понапорно до крајности, бидејќи сметаат дека тоа е единствениот начин да се задоволи минималното барање за успех. Тие бараат надворешна валидација, но ретко веруваат во неа кога ќе ја добијат, обидувајќи се да најдат друга, злобна цел зад пофалбите или мислат дека можеби другите ги преценуваат нивните способности и дека, кај и да е, ќе дознаат дека се измамници.
Потребата да се минимизираат успесите како да не се голема работа не е непозната за натрапниците – нивната скромност не е лажна, дури не е ни скромност, тие токму така и се чувствуваат, тие „се гледаат себеси како шарлатани, нивниот успех е полош од бесмислен: товар е“. Причините зошто некои луѓе се подложни на синдромот на натрапник се разновидни: може да се должи на воспитувањето, на повисоко ниво на Невротицизам, ниската Совесност (Neuroticism и Conscientiousness од Big Five Traits), да се должи на фактот што луѓето се дел од некоја малцинска група, или употребата на неконструктивни механизми за справување (како избегнувачки механизми – што носат само краткорочни решенија на долгорочни проблеми) итн.
Видови на натрапничко однесување или како да го препознаете?
- Измамниците се обично перфекционисти кои сметаат дека неуспехот е забранет, што е чудно затоа што тие исто така во успехот гледаат нешто што се способни да го постигнат само на среќа. Тие имаат големи очекувања од себе и од другите и имаат тенденција да станат воркохоличари. Една мала грешка може да ги натера да се сомневаат во нивните достигнувања. И тие мораат да бидат едноставно совршени во секој аспект од нивниот живот.
- П р о к р а с т и н и р а њ е. И покрај тоа што изгледа контраинтуитивно, натрапниците имаат мала самодисциплина, бидејќи мораат да го истражат секој аспект на проблемот со кој се справуваат, за што е потребно време. И напор.
Огромен, натчовечки напор потрошен на прекумерна подготовка o Натрапниците ретко делегираат задачи, бидејќи сметаат дека немањето контрола над секоја мала ситница ќе значи предодреденост за пропаст, чемер и јад. o Само-саботажа – натрапниците ја сакаат нивната комфорна зона и се плашат од унапредувања, нови работни места или прифаќање повисоки одговорности, освен ако не се 100% сигурни дека имаат способности за тоа, или во спротивно, ќе мислат дека другите ќе откријат дека се лажговци и неавтентични.
Ризици од чувствување како лажговци
Иако вие се чувствувате лажно, ризиците од синдромот на натрапник се прилично реални. Избегнувачките механизми, за разлика од активните механизми за справување кои го елиминираат стресот, го задржуваат стресорот и можат да нѐ доведат до емоционална исцрпеност, што, на крајот, може да доведе до burnout, стрес и вознемиреност (имајте предвид дека и други причини може да резултираат со burnout, стрес и вознемиреност).
Исцрпеноста е веројатен исход и за претерано работење и претерана подготовка, очекување премногу од себе, воркохолизам, а сите се „нуспојави“ на синдромот на натрапник. Луѓето со синдром на натрапник никогаш не го користат својот целосен потенцијал и, генерално, никогаш не се задоволни со своите достигнувања. Успехот можеби е нивен, но чувството дека успеале никогаш не следи. Импликациите врз поединецот и организациите се тешки и екстремни.
Што можат да направат „измамниците“?
Тешко е да се спротивставиме на само-саботирачките мисли. Ставање на мислите во нова рамка или едноставно невклучување во чувството за сомнеж во себе , од друга страна, може да доведе до тоа да не постапуваме по поводот на измамничкото чувство. Пронајдете начин да ги прославите вашите успеси, потсетете се на вашите достигнувања. Изберете време во текот на денот да се потсетите на достигнувањата што ве донесоа до овој момент. Никој не би ви ја дал оваа работа, овие одговорности, оваа диплома ако не сте достојни, ви треба само reality-check. Обидете се да се видите себеси порационално и да побарате објективни повратни информации од луѓе во кои имате доверба. Не молчете, зборувајте со блиските. „Измамникот“ е дел од вас, обидете се да научите која е целта зад него – на кого се обидувате да се докажете? Научете да прифаќате надворешна валидација, без да ја минимизирате со изговорите „Имав среќа / беше вистинскиот момент“. Ако во кој било момент почувствувате дека не сте во состојба сами да се справите со чувството на лажност, побарајте помош од професионалец.
Што можат да направат менаџерите на ЧР?
За почеток, бидете свесни дека некои од вашите колеги го имаат овој синдром. Анализирајте ја работната околина и разговарајте со вашите луѓе. Луѓето со синдром на натрапник ќе имаат корист од коучинг и од вашиот искрени фидбек. Обидете се да им помогнете да ги преформулираат своите мисли, да се гледаат пообјективно. Треба да им помогнете да развијат поактивни механизми за справување преку состаноци еден на еден или состаноци за споделување знаења . Потсетете ги на нивните достигнувања и натерајте ги да научат како треба да се потсетуваат и самите. Градете култура која прифаќа грешки како дел од процесот на учење, не како причина за казнување.
Мојот пат
Ако досега не сфативте, моја е приказната на почетокот на овој напис. Предолго се борев со чувството на натрапник додека не почнав да велам „Благодарам“, без „ама“ потоа. Пред неколку години, имавме тим билдинг вежба, наречена „Дожд од комплименти“. Вие и вашите колеги седите во круг и секој има мало нотесче со своето име, што го предава десно од себе. Секој мора да напише нешто убаво за секого. На крајот, го добивате нотесчето и ги читате коментарите на другите. До ден денес сè уште ги читам моите и би сакала да им се заблагодарам на коментарите на луѓето што ми помогнаа да ги преживеам моите „лажни денови“. Ова ви е посветено вам, драги измамници, затоа што не сте сами во ова и ќе успеете!
За авторот:
Викторија Дамчевска е HR професионалец со неколкугодишно искуство во регрутација и менаџмент на човечки ресурси. Моментално работи во GrabIT како Head of People Operations. Има магистрирано на Сити Колеџот при Универзитетот Шефилд на отсекот EMBA in HR.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.