А1 Македонија ве поканува на третата годишна конференција “Women in Digital 2021”

од 24HR

Во четврток на 8 април со почеток во 13 часот, бидете дел од третата конференција “Women in Digital 2021“ каде ќе имате можност да ги слушнете сите новости и да дебатирате за најновите трендови во развојот на вештачката интелигенција.

А1 Македонија со задоволство ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ која ќе се одржи на 8 април со почеток во 13 часот, оваа година во целосно онлајн формат чија содржина за прв пат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn.

Конференцијата ќе биде отворена за сите заинтересирани што сакаат да слушнат и да се вклучат во дебатата на една од најактуелните светски теми – Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера.

Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција, нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.

Воведното обраќање на конференцијата ќе го имаат Методија Мирчев – Извршен директор на А1 Македонија и Јетон Шаќири – Министер за информатичко општество и администрација.

Главен говорник ќе биде Ана Симиќ – Раководителка за маркетинг автоматизација и дигитална трансформација во А1 Телеком Австрија Групацијата, а потоа следува панел дискусија на темите: „Континуирана еволуција“, „Како вештачката интелигенција и автоматизацијата влијаат на работните процеси?“ и „Нови вештини за новото време“.

Како панелистки на конференцијата ќе се вклучат Ивана Доневска – Извршна директорка / Раководителка на секторот за податоци и аналитика, USAA Enterprise AML, Чикаго (САД), Симона Атанасовска – Раководителка на одделот за истражување и развој во Codewell AI, Ирена Ивановска – Раководителка на одделот за ИТ едукација во Семос и Маја Милосавлевска Наумовска – Директорка на одделот за техника во A1 Македонија.

Модератор на конференцијата ќе биде Верица Јорданова – основач на порталот Иновативност.мк.

За да го додадете настанот во вашиот календар, клинете на линкот: https://www.addevent.com/event/XY6238480

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...