Флексибилниот модел на работа во последниве неколку месеци премина од „убаво е да се има“ во „апсолутна потреба“.
Четириесет и осум проценти од вработените со флексибилно работно време ја оцениле својата рамнотежа помеѓу работата и животот како многу добра и одлична, во споредба со 36% од вработените без таква опција за работа.
Ова го потврди истражувањето на FlexJobs во кое беа опфатени 800 вработени во САД.
Понатаму, истражувањето покажува дека вработените со флексибилни работни аранжмани се побројни (54% наспроти 45%) кога станува збор за поседување на емоционална поддршка што им е потребна за да се справат со стресот на работа.
Исто така, тие имаат поголема веројатност (57% наспроти 37%) да бидат во можност да ги променат стресните работи поврзани со нивната работа.
Прочитајте > Зошто работата од дома не функционира за сите
Кога станува збор за менталното здравје, флексибилноста игра одлучувачка улога, со 17% од вработените со флексибилни опции за работа и 27% без нив да кажат дека нивното ментално здравје е во лоша или многу лоша состојба. Тоа значи дека вработените кои немаат пристап до флексибилна работа имаат 1.8 пати поголема веројатност да искусат влошување на менталното здравје.
Според FlexJobs, далечинската работа станува префериран метод за работа кај вработените бидејќи тие се сè помалку заинтересирани да се вратат во канцеларија со полно работно време.
Две третини (66%) од испитаниците во истражувањето изјавиле дека по крајот на пандемијата повеќе преферираат да работат од дома со полно работно време, додека 33% се залагаат за комбиниран пристап.
Само 2% од испитаниците изјавиле дека сакаат да му се вратат на традиционалниот начин на работа.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.