Чувајте ги вашите најдобри вработени – од нив зависи вашиот бизнис!

од 24HR

Управувањето со вашите најдобри вработени треба да биде лесно – тие се вашите најдобри луѓе, така што тоа значи дека со нив ќе имате најмалку работа, нели?

Штета, мораме да ве разочараме. Точно е дека вработените со високи перформанси се одлични и амбициозни, но овие карактеристики ги прават привлечни и за другите организации. Доколку не им се допаѓа местото каде што се наоѓаат, тие лесно може да најдат работа во некоја друга компанија.

Освен тоа, вашите „ѕвезди“ или најдобри вработени треба да бидат пример за остатокот од тимот. Ако немаат позитивен став или ако им е дозволено да прекршуваат одредени правила, останатите вработени ќе го забележат тоа и ќе следи незадоволство.

Од друга страна, ако научите добро да управувате со најдобрите перформери, вашата компанија ја очекуваат огромни придобивки. Ова е така бидејќи тие се способни да дадат неверојатни резултати, а благодарение на нивниот труд и талент може да се зголемат и перформансите на другите.

Па, кој е клучот за управување со вашите најдобри луѓе? Експертот за лидерство Сара Канадеј открива пет стратегии кои треба да ги применувате:

1. Одржувајте ги предизвикани

„Без интересна и сложена работа која ќе ги активира сите нивни јаки страни, високите перформери ќе се досадуваат и тие веројатно брзо ќе ве напуштат“, вели Канадеј. „Не дозволувајте тоа да се случи“, додава таа.

Потрудете се секоја задача која им ја делегирате на вашите најдобри вработени да биде задача за истегнување. Тоа може да биде некој проект што е надвор од нивната комфорна зона или поставување на цели кои се повисоки од нормалните. Исто така, може да помогне и доколку се назначат како одговорни лица за проект од повисока важност.

ПРОЧИТАЈТЕ: 7 компании за кои никогаш не треба да работите

Кога ќе доделувате еден ваков проект, оставете го најдобриот перформер да стекне целосна слобода и да се чувствува комплетно одговорен за исходот, советува Канадеј.

2. Понудете им соодветни можности за развој

Повеќето високи перформери се гладни да учат и да се подобруваат (тоа е она што ги прави да бидат најдобри). Бидете сигурни дека сакате да ја нахраните таа желба со вистински можности за развој.

Како изгледаат погрешните можности за развој?

Обуките кои се под моменталниот сет на вештини на високите перформери или тренинзите со кои се стекнува вештина која тие не ја вреднуваат. Ако високиот перформер не се чувствува како да учи нешто ново или нешто што му значи, тој ќе ве напушти брзо, дури и побрзо од обичниот вработен, вели Канадеј.

Наместо тоа, вистинските можности за развој се оние кои го туркаат високиот перформер во областите каде што е послаб или го запознаваат со други високи перформери во вашата организација. Одличен пример не е само испраќање на висок перформер на конференција, туку и негово учество на конференцијата, така што ќе може да ги „полира“ своите говорни вештини.

3. Јасно дефинирајте ги целите и очекувањата

Ова е најдобра практика за сите вработени, но особено важна за високите перформери. Тие сакаат јасни и амбициозни цели – тоа ги мотивира. И не само цели поврзани со нивната работа, туку и цели за развој на кариерата, како долгорочен план за напредување во рамките на организацијата.

Канадеј исто така смета дека е неопходно за високите перформери да се применуваат и највисоки стандарди, не само во однос на нивниот перформанс, туку и во начинот на кој постапуваат со другите бидејќи тоа ја создава културата на работното место. Тоа значи дека како за сите, така и за нив, важат истите правила на организацијата.

На пример, ако некој вработен со високи перформанси редовно доцни на состаноци и никој не го санкционира, тоа несомнено ќе предизвика незадоволство кај другите. Во овој случај, клучна е одговорноста кај високите перформери бидејќи тие го даваат примерот кој остатокот од тимот треба да го следи, вели Канадеј.

4. Микроменаџирање – немојте ни да помислите

Покажете ја вашата доверба кон вработените со висок потенцијал со тоа што ќе им дадете колку што е можно поголема слобода во нивната работа. Со други зборови, избегнувајте микроменаџирање.

„Кажете им што да прават, а не како да го направат тоа“, потенцира Канадеј.

Освен тоа, голема предност за вашата компанија е доколку имате луѓе на кои ќе можете да им делегирате задачи, знаејќи дека истите ќе бидат навремено завршени. Ова ви остава повеќе време да им помогнете на другите вработени на кои им е потребна поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ: 10 црти на „совршен“ шеф, според истражување на Google

5. Оддадете им признание за добро завршена работа

Никогаш, ама баш никогаш не треба да земете вработен со високи перформанси здраво за готово. Тие работат напорно и постигнуваат големи цели, а за возврат очекуваат признавање на нивните успеси.

„Високите перформери треба да ја почувствуваат љубовта“, вели Канадеј. „Давањето на јасен знак на благодарност ќе ги натера да се чувствуваат ценети и уште подобро да ја сфатат вашата порака дека тие ја играат клучната улога за тимот и организацијата во целост“, додава таа.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...