1 грешка која сите ја правиме во огласите за вработување почетници

од 24HR

Додека работодавците ги истакнуваат стимулациите како атрактивна плата и други бенефити за стекнување и задржување на таленти, тие можеби премногу го ограничуваат својот базен на таленти со задолжителните услови и јазици наведени во нивните огласи.

Истражувањето спроведено од компанијата за софтвер за фактурирање и информациски услуги Скајнова покажа дека работобарателите кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот се борат да го пополнат долгогодишното искуство што работодавците го бараат за почетните позиции, нарекувајќи го ова нивна најголема фрустрација, победувајќи ја недоволната плата и недостатокот на флексибилност.

„Со големата оставка, многу луѓе ги напуштаат работните места, а компаниите се соочуваат со недостиг на вработувања – а сепак оние кои бараат работа велат дека е тешко да се дојде до вработување“, вели Форест Детерс, проект менаџер во Скајнова. „Тоа е порадиа неповрзаноста помеѓу вештините што ги поседува работната сила и она што го очекуваат менаџерите за вработување“.

Всушност, барателите на работа на почетно ниво проценуваат дека во 55% од огласите за почетници се бара најмалку три години работно искуство, додека 80% од овие баратели на работа се согласуваат дека за влезните позиции не треба да бидат потребни повеќе од две години.

„Во најголем дел, барателите на работа признаваат дека од нив може да се очекува да имаат пракса или да работат некоја работа во училиште или факултет“, вели Детерс. „Но, штом работните места бараат повеќе од две години, тоа станува неразумно за апликантите“.

Тоа не само што e неразумно, туку и обесхрабрувачко, особено за жените. Во просек, 42% од жените и 36% од мажите се обесхрабрени да аплицираат на почетни позиции кои бараат повеќегодишно искуство, според Скајнова. Ова го потврдува и Harvard Business Review, кој откри дека жените имаат 9% поголема веројатност да не аплицираат за работни места бидејќи не ги исполнуваат наведените квалификации и не сакаат да се чувствуваат отфрлено ако претчуствуваат  дека нивната апликација ќе пропадне. На овој начин, менаџерите за вработување би можеле ненамерно да го ограничат нивниот број на женски кандидати со прекумерна листа на квалификации.

„Дефинитивно мислам дека е важно компаниите да проценат колку од нивните барања за искуство се практични и неопходни“, вели Детерс. „Некои од тие барања може да се заменат со обука и инвестирање во кандидат кој покажува иницијатива и подготвеност за учење“.

Во изминатата година, секој петти менаџер за вработување направил прилагодувања на барањата за искуство за почетни позиции, а од тие прилагодувања, 63% сега бараат помалку искуство, според Скајнова. Менаџерите за вработување го наведоа недостатокот на апликанти како нивна главна причина за овие промени.

Сепак, постои ниво на погрешна комуникација помеѓу оние кои бараат работа и менаџерите за вработување. Додека оние кои бараат работа сметаат дека повеќе од половина од огласите на почетните нивоа бараат три или повеќе години искуство, Скајнова објави дека 93% од менаџерите за вработување веруваат дека нивната компанија обично бара помалку од три години искуство за почетни квалификации.

Поради оваа конфузија, многу работобаратели се чувствуваат фрустрирани од денешниот пазар на труд и се заглавени помеѓу аплицирање за помалку работни места или лажење за своите квалификации. На пример, 45% од почетните баратели на работа рекоа за Скајнова дека многу е веројатно да ги преувеличат своите достигнувања, а 42% многу веројатно ќе го преувеличат своето работно искуство.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...