24HR слави прв роденден: -20% попуст на сите услуги

од 24HR

Драг читателу,

Заедно ги поминавме првите 365 денови од постоењето на порталот 24HR. Разменивме многу идеи, напишавме многу статии и отворивме многу теми. Раскажавме успешни приказни, споделивме убави моменти и изградивме мост кој ги поврзува сите HR професионалци во нашата земја, но и пошироко.

Првата година за нас беше процес на онбординг каде што полека се прилагодуваме и подготвуваме за нашите идни планови, а вистинската работа туку што започна.

Како и досега, така и во иднина, остануваме посветени да ги донесеме најновите информации од HR светот во Македонија, како и да бидеме ваш основен медиум за црпење на знаење и нспирација за најактуелните HR трендови кои се диктираат од најсовремените организации и HR лидери ширум светот.

По повод нашиот прв роденден, од 20ти мај до 20ти јуни ви ги нудиме сите наши услуги за рекламирање со попуст од -20%. За да добиете понуда, пишете ни на marketing@24hr.mk или јавете се на +389 71 211 851.

Благодарни за вашата поддршка!

Тимот на 24HR

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...