Шпаркасе Банка ВРАБОТУВА Скопје,
Локација- Дирекција за човечки ресурси
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици,имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување,те охрабруваме да ни се придружиш и заедно со нас секојдневно да ги живееш нашите корпоративни вредности!
Што ќе биде вашата улога
-Учество во креирање на концептот за обука и развој
-Учество во процесот на менторство и континуирана обука за вработените
-Учество во процесот на управување со перформансот на вработените и креирање акциски планови и мерки за подобрување и наградување
-Учество во програмата за управување со таленти и кариерен пат
-Предлага и учествува во различни проекти и активности поврзани со благосостојбата на вработените и нивниот личен развој
-Креирање годишен план и реализација на редовни развојни посети и комуникација со вработените во Банката
-Учество во креирање на планови за задршка на вработените
-Следење и реализација на план на нови вработувања
-Регрутација и селекција врз основа на потребите и стратегијата на Банката
-Учество во процесот на работно воведување на новите вработени
-Учество во одржување на корпоративната култура и усогласeност со мисијата, визијата и корпоративните вредности на Банката
Кои квалификации се потребни
-ВСС • Акредитирани високо образовни институции во РСМ
-Минимум 5 години работно искуство од областа на управување и развој на човечките ресурси
-Активно познавање на англиски јазик и познавање на работа со компјутер €МC Office)
-Одлични комуникациски вештини (усмено и писмено изразување)
-Вештина за комуникација и самоиницијатива, способност за препознавање на приоритет во дневното работење и делување во тим
-Вештини за градење на доверба и добри односи во организацијата и со потенцијалните кандидати
-Аналитички вештини, способност за планирање и одлучување,аналитичко размислување и вештина за решавање на проблеми
Кои ќе бидат вашите придобивки
-Обезбедена обука за работа
-Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
-Приватно здравствено осигурување
-Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
-Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, ангажманот, но и тимскот дух
-Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing)
Те охрабруваме да ја искористиш оваа можност и да аплицираш на отворената позиција со испраќање на CV и
мотивационо писмо на kariera@sparkasse.mk заклучно со 31.10.2023 со назнака „Апликација за СЕНИОР HR БИЗНИС
ПАРТНЕР“.
- Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
- Ве молиме за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со
истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.
Те очекуваме!
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.