Четири од пет организации на светско ниво се соочија со престанок со работа поради „Ковид-19“.
Пред почетокот на пандемијата улогата на HR менаџерите генерално се сведуваше на административни активности и документирани алатки за вработените, но по појава на Ковид вирусот, улогата на HR менаџерот се позиционира како позиција за одржливост на организацијата.
Имотот и вредноста на Компанијата се вработените !!!!
Од почетокот на пандемијата – јануари 2020 година, влијанието на Ковид-19 врз светските економии беше толку масовно што многу големи корпорации и нивните милиони работници претрпеа глобална криза и значајни организациони промени.
Исто така се промени и ставот на многу CEO за да сфатат дека „вработените се највредните средства на организацијата“ но принудени од кризата со која се соочи светот мораа да донесат одлуки за намалување на највредните средства – вработените.
Сите овие “болни” одлуки се главна задача на HR менаџерот.
Во глобална криза каде сите се загрижени за своето здравје и живот, како и финансиската стабилност, HR менаџерот треба да ја оправда одлуката на CEO, а истовремено и да го убеди вработениот дека отказот е најдоброто решение за сите!!??
Одлуките на менаџментот, HR менаџерот мора да ги пренесе на многу внимателен начин до вработените со цел да не ги засегне тековните вработени, да не креира несигурна клима во организацијата, а истовремено да ги охрабри вработените кои ја напуштаат организацијата.
Може да се заклучи дека Ковид-19 креира нов пакет позиции како клучни во агендата за одржливост на организацијата – HR како функции кои вклучуваат решавање на потребите на општеството и организацијата.
Не дека и претходно HR не бил дел од планот за одржливост на организациите, но во последно време, човечките ресурси влијаат врз повеќе клучни алатки во една организација и тоа : родова и верска различност, деловни кодекси на однесување против дискриминација и вознемирување и работните односи, менаџирање со различни карактери, промена на работни навики, влијание во работните вештини….
Како и да е, предвидувањата се дека од Ковид-19 повеќе од 195 милиони работници треба да ги загубат своите работни места до септември 2020 година со што улогата на HR Менаџерот ќе стане уште поизразена и неопходна во организацијата.
За да се обезбеди непречено деловно работење на организацијата и загубите на работа да се минимизираат, HR-ите мора да работат заедно со остатокот од високото организациско раководство со цел за вработените да обезбедат рационално конфигурирање на работните процеси, прераспределување на таленти или пренасочување на кадри. Исто така неопходно е да се подготват и воведат нови политики кои се пријателски настроени кон семејствата на вработените, работа од дома, online состаноци (модели на дигитална работа).
Што ќе се случува пост-Ковид19?
Пост-пандемискиот светски поредок треба да ја препознае HR функција со цел да се постигне единство и одржливост на организацијата.
Едно е сигурно, пандемијата докажа дека сите сме еднакви и слаби пред вирусот.
Можеби сите ние прифаќаме флексибилни работни структури, но HR и таму мора да обезбеди еднакви права, фер плати, осигурување како пренаменети во договори.
И, ако погледнеме понатаму во иднината, кога кризата ќе се намали и ќе се врати одредена нормалност, но што ќе бара HR за да му помогне на раководството на организацијата и нејзината работна сила да го врати моралот и довербата?
Премногу долго, светот на корпоративната одржливост беше насочен кон функциите поврзани со неговите производи, работење и репутација на организацијата. Време е да го препознаеме човечкиот елемент во сето ова.
Дефинитивно Ковид кризата ги обедини вработените од најниско до највисоко работно ниво, ги спои деловното со приватното опкружување, а исто така ја зајакна HR позицијата како битна алатка за грижа за вработените која започнува од процесот на регрутација до крај на работниот однос во организацијата.
За авторот:
Марија Стојановска е Магистер по право и Советник за HR и правни работи во Marand Consultants. Позади себе има повеќе од 12 години искуство во областа на рабоничките права во различни индустрии – икт, транспорт, производство, автомобилска индустрија и др.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.