HR предизвици за утре

од 24HR

Пишува М-р Ивана Смаќоска, Kоординатор за човечки ресурси во Катар Ервејс за Европа, Блискиот Исток и Азија. 

HR се доживува како одговор на речиси сите прашања упатени до работодавачите во овие кризни времиња во кои се најде светот денеска. Вработените во човечки ресурси се повикани да ја проценат ситуацијата во моментот и да предвидат решение, начин или потег за во иднина, a притоа заштитувајќи ги мисијата, визијата, вредностите и влијанието во општеството на компанијата ставајќи ја благосостојбата на вработените, засегнатите страни и заедницата во целата слика. Имајќи ја предвид непредвидливоста на настаните, погоренаведеното претставува предизвик како никогаш до сега.

Работењето од дома, односно надвор од канцеларија изгледа ќе остане како еден од начините работа кои ќе го нудат голем број компании ширум светот. Многумина ќе продолжат да работат од дома, или дел од работните обврски да ги извршуваат од дома, дури и кога бизнисите ќе вратат во постојаниот тек на работа. Ова во секој случај треба да биде со меѓусебен договор меѓу работникот и работотдавачот, и за тоа да се обезбедат соодветни услови и опрема.

Која е улогата на HRот на ова поле? HR уште веднаш треба да започнат да осмислат нови правила и принципи и план за нивно спроведување, со цел компаниите успешно ја изменаџираат ваквата појава. Како пример проблематики би можело да се наведат некои од следните:

  • Како би можеле да ги прилагодиме работните задачи, средби или компаниските полиси на новата реалност?
  • Кој би го сносил трошокот за додатна IT опрема икористење интернет кога се работи од дома? Или што ќе се случи со истите во случај на прекин на договорот за вработување?
  • Како би го контролирале присуството на работа и работните часа за пресметка на плати?

А пред се, ќе мора да се изменат описите на работните места за да се прилагодат на новите правила и барања. Се разбира дека не секое работно место и секоја компанија би била во можност да го следи овој тренд, меѓутоа таму каде што е можно ќе биде доста актуелно, а HR ќе биде пред нов предизвик да ги мотивира одново таквите вработени и одговори на проблемите кои секако ќе се појават како резултат на сите промени.

Организациската култура и негувањето на истата при работа од дома или надвор од канцеларија ќе се најде во фокусот на многу прашања кои од менаџментот ќе бидат поставени до HR. Добро познато е дека цврста и дефинирана организациска култура е клучна за долгорочен успех. На тој начин го дефинираме идентитетот на една компанија, води кон остварување на мисијата и визијата на компанијата и најважно на вработените им дава чувство на идентитет, припадност и цел во работењето. Меѓутоа, организациската културата е исто така, доста ранлива во вакви услови на криза кога компаниите донесуваат непредвидливи одлуки, а финансискиот фактор преовладува над сè друго.

Во овој поглед, постојана комуникација и грижа за вработените и искрена посветеност се најмоќните алатки што ни се на располагање и кои човечки ресурси треба да ги негуваат и надградуваат. Јасно е дека организациската култура на компаниите не им е на врвот на приоритети во случај кога од сите страни се справуваат со реални проблеми и непредвидливи ситуации, но мора да се има во предвид дека, културата сега е уште поважна од било кога и може да ја одржи компанијата на долг рок.

Што друго е значајно за угледот на компанијата на долг рок? Наоѓањето нови како и задржувањето на постојаните талентите останува клучно во овие денови. Многу од компаниите го заборавија овој момент и под влијание на пандемијата COVID-19 прв чекор е да се отпуштаат работниците и се замрзнат нови вработувања. Ова можеби ќе придонесе одередени економски заштеди на краток рок, но на долг рок ќе влијае многу на угледот на компаниите и во иднина дали работниците ќе имаат доверба или интерест за одредена компанија ќе зависи многу од тоа како се третирани за време на оваа криза.

За крај, доколку бројот на луѓе што ќе работат од дома расте, работодавачите ќе се соочуваат со нови прашања во врска со политиките и многу реални проблеми што не ce дефинирани вo законот за вработување. Eфективно да се планира и да се донесат стратешки решенија за управување, во најголем обем ќе се потпира на советите и мислењата што само HR може да ги обезбеди.

 

За авторот:


М-р Ивана Смаќоска, Kоординатор за човечки ресурси во Катар Ервејс за Европа, Блискиот Исток и Азија. По вокација магистер по правни науки, во душа и по професија HR.

0 коментар
8

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...