Дали е можно вашето хоби да се претвори во ваша кариера?

од 24HR

Секогаш треба да го работите она што ве исполнува.Да го работите она што го сакате надвор од работниот свет и да заработувате е многу комплициран процес,но знаете дека го работите она во кое уживате да работите ,она што најмногу ве исполнува.

Најпрво треба да си ги поставите вашите цели во иднина и да направите една анализа за вашите финансии во иднина.И еден план за вашите идни чекори кој ќе ви помогнат во успехот.

Парите се една од причините што многу луѓе се откажуваат од идејата да го предворат своето хоби во работа која ќе ја градат својата кариера.Но пред да се откажете од вашата работа треба да проверите дали сте финансиски стабилни .

Пред да започнете со вашата работа од соништата ви требаат барем неколку месеци заштедени трошоци, да бидете сигурни дека ќе имате од што да живеете додека работата не ви тргне.Почетоците за секоја работа се тешки но морате да бидете упорни и истрајни.

Најдобра опција за да го занпочнете вашиот бизнис е тоа да го направите додека сеуште сте на старото работно место,бидејќи тука можете да бидете финансиски по стабилни за вашите почетоците.Иако ќе треба да вложите многу труд да работите две работи,но така може да дознаете дали вашето хоби е она што го сакате во иднина.

Социјалните мрежи го леснија притапот на сите работи особено после ковид,бидеќи тие станаа, благодет за еден мал бизнисмен. Instagram,LinkedIn, Facebook, Google+, Twitter, Pinterest итн., може да ви помогнат да ги рекламирате вашите производи,услуги, но и да запознаете други луѓе во вашата индустрија кои ќе ви помогнат во почетоците на вашиот мал бизнис.

Многу важно за вашите почетоци е да бидете во тек со цените со конкуренцијата,која се недостатоци на конкуренцијата со што вие би ги надополниле…..направете една анализа или мало истражување околу сите сегменти за продажбата на вашиот производ.

Направете финансиски план пресметајте ги вашите месечни трошоци, планираните приходи и вкупните трошоци за стартување….така ќе утврдите дали вашето хоби може да го претворите во ваша кариера или сепак ке се одлучите да останете во некоја деловна ораганизација.

Сепак бидете сигурни за тоа дека со упорна работа и истрајност во она што го работите особено кога се работи со љубов,крајниот производ е секогаш позитивен.

Среќно!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...