БИЗНИС ПАРТНЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

од 24HR

Секторот за Човечки ресурси за East Gate Mall, Нептун МК, Сервис МК како дел од Балфин групацијата во Македонија поради зајакнување на тимот отвара ново работно место:

БИЗНИС ПАРТНЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Доколку сте одговорна, енергична, лојална, посветена и тимски ориентирана личност, со соодветни квалификации, спремна за нови предизвици, аплицирајте!

Фокусот на оваа позиција е обезбедување ефективно управување со човечките ресурси и процеси во областа на човечките ресурси во сите сектори во компанијата за која е задолжен, подобрување на организациската ефективност на секторите, развој на таленти и планирање на наследници на соодветните функции. Одговорност за буџетот на број на вработени во соодветните функции и други буџети поврзани со HR Opex. Придонесува во соработка со колегите за човечки ресурси и соодветните одделенија во развојот и поддршката на стратегијата за човечки ресурси, процесите и профитабилни решенија за човечки ресурси кои ѝ овозможуваат на организацијата да одговори на тековните и идните организациски предизвици.

Основни одговорности:

  • Учествува во развојот и имплементацијата на стратегијата за човечки ресурси за соодветните функции, во согласност со целокупната стратегија за човечки ресурси и стратегијата на бизнисот за кој ја извршува својата функција.
  • Помага да се поттикне организациската ефективност преку управување со процесите за управување со перформанси и развој на вработените во соодветните функции. Дејствува како двигател за подобрување на перформансите на вработените.
  • Поддршка на одговорните по сектори и одделенија во дизајнирањето планови за наследување за клучни таленти и клучни позиции.
  • Го координира процесот на промени во организациската структура на секторите и одделенијата и делува како поддршка во ревизија и креирање на описи на работни еста. Обезбедува поддршка на соодветните функции за обезбедување оптимален број на вработени преку вработување, хоризонтални/вертикални движења во организацијата, флуктуација и реструктуирање.
  • Дава поддршка на линиските менаџери во дефинирањето на барањата за работни места, воспоставување стратегија за регрутирање, спроведување активности за регрутирање, поддршка и советување на менаџерите при изборот на квалификувани кандидати
  • Учествува во дефинирањето на акциони планови за зголемување на задоволството и ангажираноста на вработените
  • Имплементира нови процеси за човечки ресурси или предлага оптимизации со цел да се подобрат деловните резултати. Управува со конкретни проекти како што е утврдено во годишниот бизнис план за човечки ресурси и учествува во функционални и меѓу-функционални иницијативи

Потребни квалификации:

  • ВСС во областа на економијата или социјални науки
  • Минимум 5 години работно искуство во областа на Менаџмент на човечки ресурси
  • Минимум 3 години искуство во организациски дизајн
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Способност за решавање проблеми, логичко, структурирано и аналитичко размислување, носење на квалитетни и сеопфатни одлуки.
  • Ефикасно управување со времето, ориентираност кон тимска работа и ориентираност кон акција

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа,
  • Работа со тим на професионалци,
  • Можност за континуиран развој и напредување,
  • Компетитивна плата,
  • Годишен бонус врз основа на оценета перформанса.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим кој е амбициозен, посветен и иновативен и истовремено верувате дека можете да дадете активен придонес за понатамашно развивање и унапредување на HR практиките и процесите, испратете го вашето „Писмо на Интерес„ и Вашата „кратка биографија – CV„ преку означеното поле.

Огласот е активен до: 04.07.2023

БИЗНИС ПАРТНЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (neptun.mk)

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...