Интервју со Јулијана Миновска директор на The HeadHunter во Македонија

од 24HR

Интервју со Јулијана Миновска директор на The HeadHunter во Македонија

Јулијана како изгледаше вашата кариерна патека,како се вљубивте во човечките ресурси како професија?

Во оваа професија влегов сосема случајно, би рекла склоп на околности да преминам во индустрија која кај нас беше во развој и подем во периодот на 2007 година. По завршувањето на студиите и после неколку годишното работно искуство во туризам наидов на предизвикот потрага за нова работа па така патот ме доведе до Trenkwalder, реномирана европска компанија присутна во повеќе од 18 земји низ цела Европа, провајдер на кадровски услуги. Во оваа компанија ми беше дадена можноста да се запознаам со човечките ресурси, односно со консалтингот во човечки ресурси, кадровски и услуги за вработување кои се однесуваат на огромен и широк аспект. Од тука започна сè и годините поминати во оваа компанија се најинтензивни во однос на мојата професионална надградба и развој како и период кој направи најголемо влијание на сè она што продолжив да го работам. Trenkwalder беше одлична школа кој со својата академија стандардизирано, систематски и стратешки пристапи кон мојот професионален развој, кој секако влијание имаше и на личниот развој. Во Trenkwalder а, сега веќе ЕСИ, работев на позиција HR и Менаџер за Регрутации. Исто така, околу 3 години работев на позиција HR Менаџер за Македонија, Србија, Босна и Црна Гора.

После 9 години, го прифатив предизвикот да го преставувам The Headhunter во Македонија.

Сакам што во чевечките ресурси ми е дозволена привилегијата да им помагам на другите подобро да се спознаат себеси и вистински да ги прифатат и да ги максимизираат своите природни таленти, а цело време фокусот е зајакнување на тим, организација или култура. Тоа е таа исклучителна врска која ја остварувам со другите убави луѓе.

Се сметам себеси за “People Person”. Огромно задоволство добивам од помагањето на луѓето и градењето односи. Вработувањето навистина дава шанса да направите разлика. Им помагам на клиентите да ангажираат одлични луѓе и да ги развиваат своите деловни активности. А исто така, им помагам на кандидатите да дознаат за нови можности и да ги развиваат своите кариери. Она што го работам со огромна љубов и посветеност има позитивно влијание врз животот на луѓето! И тоа е одлично чувство!

Нема ништо подобро од ентузијастичкото „Да“ на кандидатот! на понуда за работа, и подеднакво задоволен менаџер за вработување кој штотуку доби врвен професионалец на одредено работно место. Можеби уште подобро е успешното регрутирање на суперѕвезда, а потоа гледањето како развива производ со непроценлива вредност. Знаејќи дека моите напори влијаат на крајната цел на една компанија, ме одржува секој ден.

Вашето долгогодишно искуство ве прави спремна на промени на пазарот,каква е моменталната состојба на пазарот на трудот во однос на тоа дали е раздвижена со флуктоации во компаниите?

Пазарот на труд во моментот се наоѓа во огромен дисбаланс, флуктуација, иселување, предизвиците за одреди работни позиции да има огромен број на апликанти а за другите позиции да се бара “човек повеќе”.

Сите сме сведоци на значителната емиграција во последните неколку години, при што многу млади и квалификувани работници ја напуштаат земјата во потрага по подобри можности за работа на друго место. Овој одлив на мозоци остава огромен недостиг на квалификувани работници во земјата. Разочарувачки се пораките од кандидатите кон кои пристапуваме со понуда за работа а, тие веќе работат на работни места во странство. Одредени компании и индустрии во земјата не нудат конкурентни услови и плати што го отежнува привлекувањето и задржувањето на работници. Понатаму, постои значителен јаз во вештините и нема доволно работници со потребните вештини за ги пополнат работните места. аботодавците во различни сектори се жалат дека не можат да најдат работници што им се потребни за да го одржат сегашното ниво на производство, а камоли да го прошират. Ова делумно е резултат на образовниот систем, кој не им обезбедува на доволно работници вештините потребни за работните места кои се бараат, оставајќи јаз помеѓу потребните вештини и достапните вештини. Решавањето на овие прашања бара комбинација од стратегии, како што се инвестирање во програми за образование и обука, нудење конкурентни плати и бенефиции и креирање политики за поттикнување на враќањето на емигрантите. За да се зајакне и задржи помладата работна сила во земјата, индустријата бара структурни промени.

Огромни се потребите за соработка помеѓу бизнис секторот, владата и образовните инсистуции со цел да се дојде до конкретни мерки и насоки за промена на целокупниот систем на образование, едукација, доедукација со цел подобрување на целокупниот пазар на труд.

Кај вас пристигнуваат голем број на CV од најразлични професии,дали во Македонија има култура и познавање за тоа како треба да изгледа едно CV,на што треба да обрнат внимание за да биде CV-то комплетно?

Според мене секое CV e лична карта на секој кандидат и секое CV содржи индивидуален белег за секој од кандидатите кое го отсликува личниот идентитет на секој кандидат.

Со еден краток преглед и поглед на одредено CV веќе имаме првични информации за еден кандидат.

Постојано читаме и следиме правила за креирање на биографија, CV, резиме но, дали е потребно да се придржуваме со одредени правила или пак треба да ја потенцираме нашата индивидуалност, автентичност како наш белег и уникатност при наоѓање на работа ?!

Иако можеби нема универзално дефиниран формат, постојат одредени елементи на кои кандидатите треба да обрнат внимание за да создадат целосна биографија. Тие вклучуваат јасно и концизно резиме на нивните вештини, квалификации и искуство, истакнувајќи ги релевантните достигнувања и одговорности. Неопходно е да се вклучат точни информации за контакт, образование, работно искуство, професионални сертификати и какви било дополнителни релевантни информации како што се јазични вештини или волонтерска работа. Користењето на професионален и чист распоред, лекторирањето на грешки и приспособувањето на CV-то на конкретната апликација за работа се исто така клучни.

The HeadHunter постои 11 години, имате големи бази на податоци на профили кои бараат работа, како можат да ви се обратат компаниите кои има потреба од вас да најдат кадар за соодветна работна позиција?

Од своето основање, The Headhunter се етаблира како доверлив партнер за компании кои бараат врвни кадровски услуги, услуги за регрутирање и хедхантинг. Тимот на стручни регрутери на компанијата успешно ги поврзува многуте работодавци со вистинските кандидати, помагајќи им на компаниите да напредуваат и да ги постигнат своите цели.

The Headhunter останува посветен на обезбедување исклучителни услуги за регрутирање, headhunting и други кадровски услуги за своите клиенти. Компанијата истражува нови пазари, започнува нови иницијативи и ги проширува своите услуги за подобро да им служи на потребите на своите клиенти.

Достапни сме за секоја компанија која има потреба или се соочува со одреден предизвик како и за секој барател на работа целосно да ја подржиме и помогнеме неговата потрага по работа со секое време.

Кои работни места се најбарани последниов период,а кои во иднина имаат најголем просперитет во нашиот регион?

Пазарот на труд постојано се развива, а побарувачката за специфични улоги може да варира врз основа на трендовите во индустријата и економските фактори. Сепак, некои работни места беа постојано барани неодамна и веројатно ќе продолжат да напредуваат во иднина. Во нашиот регион, улогите во технологијата, вклучувајќи развој на софтвер, анализа на податоци, сајбер безбедност и дигитален маркетинг, се многу барани. Како што технологијата продолжува да напредува и бизнисите се повеќе се потпираат на дигитални решенија, се очекува овие улоги да забележат понатамошен раст. Дополнително, огромни се потребите за работници на позициите во малопродажбата, производството, техничките позиции во производство, корисничката подршка, сметководството и финансиите каде се бара работник повеќе. Од суштинско значење за барателите на работа е да останат ажурирани за новите трендови и да стекнуваат релевантни вештини за да ги подобрат своите можности за кариера во овие полиња со висока побарувачка.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...