Колумна на М-р Марија Секулоска-Дипл.професор и преведувач по италијански јазик, судски преведувач и HR specialist
Дали поттикнувањето на премногу позитивна работна култура ги прави среќни вработените или не?!
Среќни вработени-подобри перформанси-поуспешна фирма.
Но дали е така?
Денеска фирмите сѐ повеќе поттикнуваат позитивна работна атмосфера и култура меѓу вработените.Фразата “ние сме семејство” се спомнува на речиси секое интервју за работа, при секој onboarding процес и во првите денови на почнување со работа во нова фирма.
Но дали е навистина така?!
Дали вработените се среќни што се “семејство”?!
Се разбира дека фирмите, особено менаџментот поттикнува позитивна работна култура и атмосфера бидејќи подобро е за сите вработените да се сложни, да се почитуваат меѓусебе и да придонесат за што подобри перформанси на самата компанија односно што подобри резултати.
Подобрите резултати носат повеќе клиенти, а со тоа и профит.
Профитот носи бонуси, а сите работиме за пари така што целиот процес е поврзан.
Но колку навистина е “позитивна” целата таа култура на сакање, дружење, меѓусебно заследување на сите социјални мрежи итн.
Но не сите сакаат и можат да учествувуваат во наметнатите активности.Некои имаат други обврски кои не се поврзани со работата, некои се интроверти и се чувствуваат дека на работа треба да дадат 100% во рамките на работното време и тоа е тоа.
Но огромниот притисок врз вработените
кои се чувствуваат како да се “втурнати” во токсично позитивна работна околина може да донесе негативни резултати и затоа не треба да се наметнува сосила таквата култура.
За авторот:
Марија Секулоска, м-р по политички науки, професор и преведувач по италијански јазик,менаџер,лингвист кој сака да го промени светот. Верувам дека сите ние имаме своја мисија. Сакам да пробам нова кариера во човечки ресурси и сакам да им помагам на луѓето. Како професор и преведувач на италијански јазик,секојдневно среќавам интересни луѓе и слушам интересни приказни. Како тазе професионалец во HR, комуникацијата ми е прв приоритет.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.