Директор за човечки ресурси

од 24HR

Кои сме ние?

Агенција THRIVITY за својот клиент, една од најпочитуваните компании кои работат во финансискиот сектор во регионот и пошироко, објавува оглас за Директор за човечки ресурси.

Компанијата обезбедува финансиски услуги за домашни и странски клиенти, брзо и на највисоко ниво, задржувајќи го квалитетот кој го нуди.

Се стреми да биде препознаена по својот однос кон вработените во организацијата, каде фокусот е на постојани инвестиции во личен и професионален раст и развој, како и негување на вредностите на компанијата, со отворена двонасочна комуникација.

Основни работни задачи и одговорности

Директорот за човечки ресурси (HR Director, P&O – People & Organization Director) е задолжен за надгледување на сите аспекти на функцијата „HR (P&O)“, со примарна цел да ги усогласи ХР стратегиите со целокупните бизнис цели. Директорот за човечки ресурси блиску соработува со останатите оддели во компанијата, како финансии, оператива, маркетинг и др., за да ги усогласи ХР иницијативите со пошироките бизнис цели. Поконкретно:

  • Развој на ХР оперативни планови (вклучително буџетирање)
  • Планирање на работна сила – анализа и предвидување на понудата и побарувачката за вработени
  • Организациски развој – Разбирање на организациската структура и функции
  • Закон за работни односи, регулативи и усогласување
  • Привлекување и задржување на таленти
  • Воведување во работа (onboarding) на нововработени
  • Креирање атрактивни, конкурентни, прогресивни и иновативни пакети за плати и бенефиции
  • Имплементација на иницијативи за ангажираност и благосостојба на вработени
  • Поставување и имплементирање на ефективен систем и стратегии за менаџирање на перформансите на вработените
  • Анализа на потребите за обука и креирање на годишни програми за развој на вработените
  • Односи со вработените, управување со конфликти, спорови и поплаки, како и одржување одлична кохезивна работна средина
  • Финансии – Развој и следење на буџетот на одделот за човечки ресурси
  • Проценка на ризик – разбирање на потенцијалните ризици во рамките на човечките ресурси во организацијата

Профил на идеален кандидат:

  • Високо образование во областа на управување со човечки ресурси, психологија, бизнис администрација или сродни области
  • Најмалку 7 години искуство во управување со човечки ресурси, со докажани лидерски вештини
  • Одлично познавање на Англиски јазик и на Microsoft Office пакетот
  • Разбирање на современи HR практики, стратегиско планирање, развој на таленти и управување со перформанси
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини, со способност да работи со сите нивоа на организацијата
  • Познавање на законските регулативи и обврски во врска со работните односи и правата на работниците
  • Искуство во водење и мотивирање на тимови, развивање на талент и унапредување на капацитетите на вработените

Нашата понуда:

  • Конкурентен пакет на плата и бенефиции
  • Платени тренинзи и развојни програми
  • Флексибилно работно време
  • Можност за раст и кариерен развој во интернационална компанија
  • Отворена комуникација со достоинство и почит
  • Простор за придонесување со своето работење, водење, креативност и иновации

Аплицирај тука

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...