HR Officer

од 24HR

Wabtec Corporation, водечки глобален снабдудач на опрема, системи, дигитални решенија и услуги со додадена вредност за товарни и транзитни железници со приближно 27.000 вработени низ целиот свет, има потреба од:

HR Officer
(Референт за човечки ресурси)
(Скопје)

За позицијата:

Спроведува активности на управување на човекови ресурси, како што се координација, планирање и следење на тренинизи, обука и развој на вработените, мерење на учинокот, персонална евиденција, регрутација.

Главни одговорности:

  • Врши прибирање, анализа, евиденција и обработка на записи поврзани со:
    • редовноста на вработените – присуства, платени и неплатени отсуства
    • прекувремена работа
    • основни податоци за вработените и податоци за нивното вработување
    • оценка на учинокот на вработените (евалуација)
    • обуки, сертификации, квалификации
    • договори за вработување и описи на работни места
    • податоци поврзани со безбедност и заштита при работа (заштитна опрема, обуки,
    • повреди и сл.)
  • Учествува во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со регрутација и селекција, onboarding процеси, развој на персоналот, распоред на работно време и др.
  • Планира и организира тренинзи и обука, целосна координација и евиденција околу истото, води евиденција и изготвува извештаи за планираното наспроти оствареното.
  • Изготвува административни извештаи за потребите на сите сектори (отсуства, прекувремена работа, број на вработени, персонални трошоци и сл.)
  • Учествува во креирањето, одржува и одговара за точноста на персоналните податоци во LMS системот (и сите ситеми на корпоративно ниво согласно потребите)
  • Одговара за точноста на податоците во извештаите што се во негова надлежност
  • Ги прилагодува своите квалификации и начин на работа на новите технологии и унапредените работни процедури и предлага нови.
  • Врши постојана координација и проверка на задолжителни обуки и прегледи за нововработени
  • Комуницира со вработените, ги идентификува нивните проблеми и дава поддршка во решавањето и развојот
  • Комуницира и договара активности со надворешни соработници
  • Учествува во аудити, имплементација и координиација на ISO, IRIS стандардизација
  • Координира, планира и спроведува активности поврзани со обезбедување на лична заштитна опрема

Квалификации:

Минимални барања: Високо образование од областа на општествените науки, но не се исклучуваат и останатите апликанити со соодветно искуство незавинсо од степенот и/или видот на образование. Познавање на Македонски јазик – задолжително. Познавање на Англиски јазик – задолжително.

Предност – мин. 2 години работно искуство, тренинг сертификати.

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...