Employee value proposition или вредноста која им ја нудиме на нашите вработени.

од 24HR

Што е и како да го поставиме

Што е EVP?

Employee value proposition (EVP), иако не е нов термин, се актуелизира многу повеќе во последниве години. По дефиниција би можеле да го срочиме како збир на финансиски и не-финансиски бенефити, кои вработените ги добиваат во замена за нивните специфични вештини, искуство и труд, но сепак тоа е многу повеќе.

EVP треба да ја пренесе суштината на вашата компанија, што е тоа што ве прави тие кои сте како работодавец, зошто сте различни од останатите. И пред се, да им објасни на сегашните и идните вработени како тоа што го нудите се поклопува со нивната внатрешна и надворешна мотивација за работа.

Сите работодавачи во денешницата инвестираат во различни сетови на бенефити кои им ги нудат на вработените, а крајната цел на таа инвестиција е секогаш задоволни и мотивирани вработени кои долгорочно ќе ја гледаат својата кариера во вашата компанија. Но, кога бираме кои бенефити ќе ги вклучиме во нашата понуда секако дека не го правиме тоа стихијно, туку напротив одбираме да инвестираме во она кое и нас како компанија ќе не направи посилни, и секако поконкурентни. Избираме да развиваме вработени во насока која сме ја поставиле во нашите компаниски цели.

Многу често компаниите забораваат да им ја објаснат поврзаноста на она што го бараат и нудат на своите вработени и бенефитите завршуваат како листа на потточки кои се презентираат заедно со понудата за вработување. Изоставувајќи го овој клучен дел забораваат на вработените да им покажат која е нивната вистинска вредност.

EVP-то е токму тоа, предлог за вредноста на она што го добиваат.

Како можеме да го направиме?

Од мое искуство тоа е нешто што е потешко да го напишете, па потоа да го имплементирате. Треба да дојде од долу, од она што веќе е поставено. Блиску е поврзано со веќе постоечката компаниска култура и од неа треба да се извлечат главните вредности кои ги имате.

При создавањето на вашето EVP поставете си ги следните прашања:

  • Зошто вработените одлучуваат да останат во компанијата
  • Зошто си заминуваат
  • Што е уникатно или ретко што го нудиме
  • Зошто кандидатите се заинтересирани за нашата компанија

Анализирајте ги вашите разговори за вработување, но и завршните разговори (Exit interviews), анкетите кои ги спроведувате во компанијата и разговарајте со вработените кои останале подолго време. Информациите собрани од овие алатки ќе ви ја дадат основата за вашето EVP.  

Што треба да добиеме од ова анализа?

За почеток кратка листа на вашите силни страни:

Пример

Следен чекор е да опишете како го поддржувате истото, кои се специфичните чекори или бенефити во кои инвестирате како компанија, за истото да се поддржува или реализира. Од примерот погоре, какви можности, на пример, обезбедува компанијата за раст и развој. Дали таа нуди платени тренинзи и сертификации, назначува ментори, одвојува платени работни часови за учење и така натаму.

Откако ќе ја имате целата листа на вашите силни страни и бенефитите кои тоа го поддржуваат, составете текст во кој ќе ја пренесете вашата порака. Направете ја пораката емотивно привлечна, персонализирајте ја. Таа треба да е јасна и концизна.

Што понатаму?

Веќе прецизираната листа ви дава основа за презентација на вашата вредност на повеќе форуми. Овој документ може да биде основата на вашите идни пораки за нови работни позиции. Основа за градење на тонот со кој се обраќате во следните ваши пораки на социјалните медиуми. Насока за интерни промоции на бенефити со кои би ги дополниле или зајакнале овие пропозиции. Добро формулираното и презентираното EVP ќе успее и да им ги појасни на вашите вработени вашите претходни или идни одлуки и постапки.

Формата на самото ЕVP може да биде различна, од неколку реченици во еден пасус на вашата web страница, до интерен документ кој може да се понуди на нови вработени. Од вас и вашите потреби зависи како ќе го поставите ова, но откако еднаш ќе го поставите веќе ја имате основата на пораката која сакате да ја пренесете кон вашите сегашни и идни вработени за која е вашата вистинска вредност.

Главни бенефити од добро срочено и презентирано ЕVP

  • Промоција на компанискиот бренд
  • Подобрување на компанискиот имиџ
  • Поголема емотивна поврзаност на постоечките вработени со компанијата
  • Зголемување на препораки за вработување од самите вработени
  • Идни кандидати кои се поистоветуваат со она што е вашата компанија

За крај, бидете сигурни дека она што го промовирате со вашето EVP е вистината, бидејќи главни амбасадори на оваа порака треба да бидат токму вашите вработени. Доколку она што сакате да го промовирате се коси со реалните чувства на вработените пораката од вашето  EVP може повеќе да ви наштети отколку да ви помогне.

Подолу погледнете примери за ЕVP на некои компании:

Strava

You will engage in interesting and challenging work that will improve the lives of our athletes. And in the same way that Strava is deeply committed to unlocking the potential of our athletes, we are dedicated to providing a world-class workplace where our employees can grow and thrive.

LiveLike

At our core, we are a big group of nerds, sports fanatics, and generally lovable people. We’re as passionate about next-gen sport live streaming as we are about tacos, occasional dogs, and appropriately timed gifs. So our team has access to every major VR/AR/MR system, and so will you. We’ve worked extremely hard to get where we are right now but we wholly embrace the laid back but “get s**t done” attitude.

Lottery.com

We know that the world owes us nothing and that our incredible team is our biggest asset. We have a phenomenal culture and unparalleled drive, and each member of the team is carefully selected because they fit with our tribe and our vibe.

We celebrate our awesome diversity, believe that everyone is an entrepreneur, and appreciate the unique talents and perspectives that each of us bring to the table. After all, when our team members win, we win as a whole, and more than anything, we love to #wintogether.

PatientPop

At PatientPop, you have the ability to influence your team, and even the entire company, while carving out your career path and future. Our culture fosters an environment that allows employees to thrive personally and professionally. We’re passionate about employee development, evidenced by our new hire training and onboarding program, PatientPop 101. We also have a training program for new and tenured managers, weekly Lunch-and-Learn sessions, and a monthly leadership book club.

As a company we share common values of honesty and accountability. We’re mentors and team players who believe that happy employees support one another at all levels of the business. Leadership sets the tone for an organization, and we focus on fostering a positive, collaborative environment.

UiPath

First, let’s cover the table stakes. Yes, you’ll get all the usual perks. But if you’re the rare creature we need, that’s not why you’re here. You’re here because you want to build the future. You’re here to free people from repetitive, boring jobs and have a blast in your job along the way. We’re growing faster than we expected and that’s humbling. This means you’ll grow fast too. And one day, you can say that you were there at the beginning.

За Авторот:

Ивана Глигоровска е дипломиран психолог и магистер по човекови права и демократија, со 12 годишно работно искуство во областа на човечките ресурси. Работи како HR Business Partner во Polar Cape.
Ужива во својата професија бидејќи и дава можност да набљудува како добра работна средина гради уште подобри вработени. Работи на спојување на одлични кандидати со за нив совршени работни позиции. Континуирано наоѓа предизвик во помагање на луѓето, и организацијата да се развиваат успешно и стабилно.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...