ПРОМЕНА НА УЛОГАТА НА HR ВО 2022 ГОДИНА

од 24HR

ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ – СЕ РАБОТИ ЗА ЛУЃЕТО!!!

Во 2020 и 2021 година HR имаше само една главна улога – да се адаптира. За многу организации ова беа извонредни години каде вработените – луѓето со својата креативност и потенцијал за прилагодување, покажаа способност за издржливост и во моменти на криза што е исклучително битно. Променија начини на работење, работеа од дома, променија начини на пласирање на пазарот, се дигитализираа, ги унапредија според потребите нивните услуги и производи итн… Во 2020 и 2021 година HR имаше само една главна улога – да се адаптира. За многу организации ова беа извонредни години каде вработените – луѓето со својата креативност и потенцијал за прилагодување, покажаа способност за издржливост и во моменти на криза што е исклучително битно. Променија начини на работење, работеа од дома, променија начини на пласирање на пазарот, се дигитализираа, ги унапредија според потребите нивните услуги и производи итн…

Но во 2022 година, после 2/3 години прилагодување, секој HR размислува накаде ќе се движи понатаму нивната улога, дали ќе се прилагодува сеуште, ќе се врати на старите навики, или ќе се трансформира ова работно место и ќе обликува нова иднина на работењето со луѓето? 
Во секој случај, веќе на видик се трансформациите кои се случија со самото прилагодување изминативе години во криза. Ова е година кога HR секторите ќе трансформираат поинаква улога и третман на човечкиот ресурс и човечкиот капитал во организациите. 
После 2 години прилагодување, на видик се следниве трансформации кои се случуваат во 2022 година и ќе продолжат да градат нова улога на HR во 2023 година:
1. Нестабилен пазар на таленти:  Бидејќи војната за таленти ќе продолжи со оглед на тоа дека талентите исклучително брзо мигрираат. Во овој случај HR ќе треба да создаде корпоративен имиџ и култура за новите вработени, но и за тие кои се сега вработени, затоа што имаат хиперконкурентен пазар на труд. На новиот пазар на труд вработените се повеќе од вработени, подалеку од резултатите и од она што од нив се бара. Тие се луѓе од кои зависи продуктивноста на организациите - тие станаа нивната продуктивност! 
2. Аналитика на луѓето: Воведувањето и имплементацијата на аналитика на луѓето е најголемиот тренд кој дојде со дигиталната трансформација за побрзо генерирање на информациите. Аналитиката овозможува се на едно место за своите вработени без момент на интуиција, туку сведено е се на конкретни системи кои даваат конкретна вредност. Човечките ресурси треба да бидат витален извор на генерирање вредност и затоа мора да бидат обучени за аналитика и стратегија. Следните чекори во 2023 година се насочени токму на ова: создавање нови стратегии за управување со луѓето. 
3. Хибридност и флексибилност: Хибридноста и флексибилноста беа хероите на пандемијата. Но сепак факт е дека во тие години ова нешто беше едиствена можност да се продолжи да се работи, па само беше препакувана канцеларијата од физичка во дигитална. Но затоа пак ова отвори очи на многу од вработените, па новините во 2022 се движат кон тоа да создадат ре-инженеринг на оперативните структури за човечки ресурси во асинхрони модели. 
ПРОМЕНИТЕ РАЃААТ И НОВИ ПОТРЕБИ КАЈ ЛУЃЕТО!
Има една вистина - различните вработени имаат различни потреби. Па пандемијата некако како да им ја покажа оваа тешка вистина на работодавците кои треба да го рефокусираат својот пристап кон нив, а тоа е различен за сите. Тешкотијата да се создаде овој модел кој ќе биде функционален за сите, ја носи и можноста за конкурентност на пазарот воден од исклучителни таленти. 
  • 4.Манифестација на „Новото Вреднување“ на вработените: Функцијата на HR се децентрализираше со промените во пандемијата, па со тоа донесе и нов поглед на вработените. Иако сеуште има голема маргина, патот води натаму – вработениот и неговите потреби во центарот на HR. Работната сила го води бизнисот напред, затоа и улогата на човечките ресурси треба да ја приспособи нивната стратегија кон чувствата, аспирациите и потребите на работната сила. Одливот на таленти си го направи своето.
  • 5.Метаверзум: виртуелен универзум како идно работно место. Зошто? Затоа што и како организации, но и како луѓе сакаме се одма, сега и на едно место. 2022 е вратата во која гледаме на овој нов начин на работење.

Тешко или потешко, промените создаваат и нови улоги!

За Авторот:

Марија Конеска основач на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ, и Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА. Работам како HR менаџер, консултант и психолог и психотерапевт

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...