Како пријатели на настанот, НЛБ Банка беше дел од инспиративната атмосфера на DisruptHR Skopje, каде се отворија важни теми за иднината на работата и улогата на луѓето во неа.
Особено сме горди што нашата колешка Елизабета Саздовска , помошник директор во Секторот за човечки ресурси, имаше свое обраќање и сподели силна порака.:
„Во свет обликуван од вештачка интелигенција и брзи технолошки промени, каде организациите сè повеќе се потпираат на податоци, процеси и технологии, вистинската предност се луѓето – луѓето кои се осмелуваат да размислуваат, прашуваат и предизвикуваат.
Бидејќи, додека тишината често се толкува како согласност, се пропуштаат одлични идеи, а пропуштените идеи стануваат изгубени можности, додека неискажаните грижи прераснуваат во проблеми и загуби.

Затоа, создавањето средина во која луѓето се чувствуваат безбедно да зборуваат не е само вредност, туку стратешка неопходност и лидерска одговорност.“
Горди сме што поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат отворен дијалог, нови идеи и храбро лидерство.