Флексибилно работење, новата нормалност или не?

од 24HR

Колумна на Сања Једиковска – Специјалист за правни работи и персонална администрација во Нептун Македонија

Флексибилното работење опишува тип на работен ангажман кој дава одреден степен на флексибилност за тоа колку, каде, кога и во кое време работат работниците. Постојат многу форми на флексибилно работење, вклучувајќи домашна работа, скратено работно време или намалени часови, споделување на работните места, флексибилно работно време, компресирани или годишни часови, паузи во кариерата, скалесто време на почеток и крај или само-распоредување.

Пандемијата COVID-19 ги стави флексибилните работни ангажмани, особено работата на далечина, во центарот на вниманието. Сè до започнување на пандемијата COVID-19 воведување на флексибилните работни ангажмани претставуваа  вистинска реткост за работодавците, но откако многу држави издадоа наредби за воведување на флексибилни работни ангажмани ги принудија работодавците целосно да го променат начинот на организација на работа, и истиот се покажа како ефективен. Се испостави дека работниците целосно ги извршуваа своите работни обврски иако работните обврски физички не ги извршуваа од своето работно место.

По изминување на подолг период од започнувањето на пандемијата COVID-19 државите одлучија постепено да ги укинуваат воведените рестрикции поврзани со пандемијата, со што флексибилните работни ангажмани се ставија под знак прашалник. Се поставува прашањето дали сите би се вратиле физички на своите работни места или пак работодавците размислуваат да го остават овој начин на работа како ново нормално и по завршување на пандемијата, бидејќи истото има свои предности.

Подетално станува збор за следниве бенефити:

1.Задржување на вредните постоечки вработени

Дозволувањето на постоечките вработени да работат со флексибилен распоред помага да се задржи вредниот персонал. Без сомнение, флексибилните распореди се една од најважните поволности што вработените ги сакаат од своите работодавци (покажуваат истражувањата).

2.Привлекување нови таленти

Со тоа што многу баратели на работа се позаинтересирани за флексибилен распоред од другите поволности, и дека флексибилната работа им користи на компаниите исто како и на вработените, логично е дека нудењето флексибилни распореди на работодавците може да помогне во привлекување на нови таленти. Давањето можности, е конкурентна предност.

3.Зголемување на продуктивноста

Една од причините зошто работодавците често не дозволуваат персоналот да работи флексибилно е тоа што тие мислат дека ако не можат да внимаваат на своите вработени, тие нема да работат. Пандемијата не поттикна да се изнајдат нови алатки за следење на резултатите, менаџерите да се реорганизираат, да дадат поголема доверба на вработените, да имаат почести но кратки состаноци со вработените, поедноставување на процесите за работа и контрола. Вработените добија сигурност и поголема мотивираност, бидејќи нивното здравје беше позаштитено, a со воспоставување на овој целокупен процес допринесе да вработените ја зголемат својата продуктивност, истовремено номинирајќи ги своите менаџери на пиедестал за вистински лидери.

4. Го подобрува ангажманот на вработените

Еден од најдобрите начини во делот потикнување за подобрување на работниот ангажман на вработените е да се воведе флексибилен начин на работен ангажман. Кога на вработени ќе им се дозволи да работат флексибилно, а кога работодавците би покажале дека им веруваат на вработените дека ќе ја завршат својата работа без разлика од каде и кога го прават истото, работниците ќе го подобрат својот ангажман. (Се зголемува чувството на доверба меѓу претпоставениот и другите членови на тимот).

5.Намалување на режиски трошоци за работодавците

Воведување на флексибилно работно време има корист за работодавачите во делот скратување на режиските трошоци и намалување на предвидениот буџет за режиски трошоци.

Останува да се види дали по завршување на пандемијата COVID-19 воведувањето на флексибилните работни ангажмани во многу држави би станале новата нормалност, или пак повторно светот би се вратил на стариот начин на работа.

За авторот:

Сања Једиковска е Специјалист за правни работи и персонална администрација со повеќе од 5 години работно искуство во Нептун Македонија. Одговорна за подготовка и администрирање на целокупната персонална администрација и одржување на правна сигурност во областа на трудот. Член на Дисциплинска комисија и Член на Комисија за заштита од вознемирување на работно место. Има дипломирано на Правниот факултет при Универзитетот Св Кирил и Методиј, насока правни студии.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...